(ФОТО) Вистината за хроно исхраната: Здрава диета која ја освои Македонија

Јадете колку сакате, а слабеете и „пукате“ од здравје. Да, тоа е хроно исхраната, а клучот е во правилото комбинирање на продуктите.
Резултатите се гледаат бргу.
Откако во 2003. година доктор Ана Гифинг ја осмислила и патентирала хроно исхраната, тој режим станал неверојатно популарен. Во регионот, но последните години и во Македонија започнала вистинска ХРОНО револуција. Идејата да не мораме да ги броиме калориите, гладуваме,а можеме да слабееме,да ги предухитриме најчестите болести на денешницата и сите физиолошки процеси во
организмот ги доведеме во рамнотежа – на сите им се допаднала.
„Хроно исхраната е спој на рамномерна и правилно комбинирана исхрана која го следи биоритамот и го регулира метаболизмот“ објаснува доктор Гифинг и додава дека овој начин на исхрана е толку омилен бидејќи е комотен за примена. Може да се применува на работа, на пат, во ресторан, на прослави.
Кога ќе се совладаат основните правила, многу е едноставен, а она што е најважно, резултатите се извонредни и многу бргу се гледаат. Програмата на хроно-исхрана се базира на гликемискиот индекс на продуктите, кисело-базниот состав на продуктите, инсулинскиот индекс, како и на таканаречениот сатаети индекс или заситеност на одредени видови продукти. Битен аспект на овој начин на исхрана се и термините на оброците, т.е. кога што се јаде, а ако почнете да го применувате тој режим, прво ќе се сретнете со рестрикција. Што значи тоа?
„Рестрикцијата е првиот чекор во примена на хроно исхраната. Таа трае најмалку 28. дена, а во тој период, после тестот на интолеранција на храна, од исхраната се елиминираат одредени продукти. Со нивното отстранување се постигнува растоварување во дигестивниот тракт и подобар метаболизам“ објаснува доктор Гифинг.
Она што хроно исхраната ја одвојува од другите режими на исхрана е правилното комбинирање на продуктите.
„Ако правилно ја комбинирате храната можете да јадете колку сакате. Секој кој почнал да се храни на овој начин веќе после 24. часа се чувствувал многу подобро. Кога станува збор за дебелината, шеќерната болест, висок холестерол, подобрувањето е евидентно веќе за 10 -15 дена.
Програмата „Хроно исхрана според др Гифинг“ е регистрирана во 2009. година во Заводот за интелектулна сопственост во Хрватска, Словенија, Швајцарија, Белгија, Македонија, Црна Гора, Република Српска. Се применува и во рамките на две американски клиники кои се бават со превентивна медицина.
10 Златни правила
1. Појадокот е најважен оброк во денот и е задолжителен. Идеалниот појадок треба да содржи масти, белковини и спори шеќери (печиво) бидејќи само наутро нашиот организам е прилагоден за комбинирано варење на таа храна.

2. Пред појадок можете да испиете само растителен чај со неколку капки лимон (или чаша топла вода со сок од лимон).
3. Кафето се пие 30. минути после оброкот (појадок и ручек).
4. Помеѓу оброците треба да мине најмалку четири часа а идеално е 5 до 6. Нема ограничување во количеството храна кое може да го изедете.
5. Треба да се јадат белковини од животинско потекло и зеленчук кој не содржи скроб. Бидејќи ручекот е таканречено полнење на батериите, тој оброк не треба да се прескокнува.
6. Хроно исхраната не препорачува комбинирање на протеини и јаглени хидрати за ручек и вечера. Потребна е една година за да организмот метаболички се исчисти од токсините насобрани поради лошиот и бавен метаболизам на комбинираните продукти.
7. Забранети се сите видови грицкалки помеѓу оброците.Наутро не се јаде овошје, а слатки и тестенини не смеат да се јадат навечер. Леб, тестенини и скробен зеленчук се конзумираат најдоцна до 15. часот.
8. Ужината во вид на свежо или суво овошје или јатки се препорачува околу 17. часот, но само кај лицата кои не го применуваат овој режим за да ослабнат, или после периодот на рестрикциј кога ќе биде достигната саканата тежина.
9. Идеално време за вечер е околу 19. часот, а идеален избор се лесни протеини и сезонска салата. Комбинирајте лесни риби, пилешко (без кожа), печурки, белки со сезонски салати зачинети со ладно цедени масла.
10. Последниот оброк во денот треба да биде најмалку два часа пред спиење.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КАКО МУДРИТЕ ЛУЃЕ СЕ ОДНЕСУВААТ КОН ЛИЦА КОИ НЕ ИМ СЕ ДОПАЃААТ: Што треба да кажете и да направите за да се заштитите?

Ви претставуваме техники – што да кажете ако ве нервираат, како да постапувате на работа? …