(ФОТО) Детективката Бекет во новата крими серија „Отсаство“

Откако седум години беше заштитно лице на телевизиската серија „Касл“, глумицата Стана Катиќ добила нова шанса – главна улога во новата американска крими серија „Отсаство“.
Од 11. октомври на каналот AXN ќе започне со прикажување на првата сезона на американската крими серија „Отсаство“. Она според што на гледачите од ова подрачје ќе им биде интересна е дека главната улога ја игра Стана Катиќ која тв гледачите полни седум години можеа да јае гледаат во популарната серија „Касл“, во ликот на детективката Бекет.

Инаку, освен во серии Катиќ досега има играно и во филмот „Зрно на утеха“ од серијалот за Џемс Бонд, каде имала мала улога на канадската шпионка Корин Вено, а освен со Даниел Крег глумела и со Скарлет Јохансон, Ева Мендез, Ричард Гир, Мартин Шин, Семјуел Л. Џексон и многу други.
Останува да видиме дали и во новата серија ќе го привлече гледалиштето…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …