(ВИДЕО+ФОТО) Наместо да предаде Дел Потро ги победил треската и Тим за пресметка со Федерер

Хуан Мартин Дел Потро се пласирал во четирифиналето на УС Опен после големиот пресврт во мечот со шестиот носител, Доминик Тим.


Дел Потро обезбедил место во четирифиналето на последниот Грен Слем а сезоната после победа од пет сета против Доминик Тим и пресврт после заостнувањето од два сета.На крајот славел Аргентинецот со 1:6, 2:6, 6:1, 7:6, 6:4.
Доминик Тим после 1 час и 14. минути водел со 2:0 во сетови, сепак 24. носител успеал да го надигра 6. играч на светот и на љубителите на тенисот да им приреди прекрасна забава.

Во борбата за полуфинале Дел Потро ќе се сретне со Федерер

Прекрасна поддршка на публиката, големо враќање,победа и високо кренати раце…
„Многу нешта ми минуваа низ глава кога мечот беше конечно завршен. Изиграв епски меч на УС Опен кој е мој омилен турнир пред прекрасна публика.Многу ми значеше поддршката. Мислев дека во вториот сет ќе морам да го предадам мечот. Но, видов дека сите очекуваат уште тенис, дека сите ги чекат моите форхенди, моите сервиси. Ја собрав сета енергија која ја имав во себе за да размислувам за продолжување на мечот а не да предадам. Успеав во тоа и почнав да се
чувствувам малку подобро. Мислам дека во третиот сет направив се како што треба, а публиката навистина беше неверојатна“ изјавил Делпо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Корисни маснотии – Кафеавите маснотии СОГОРУВААТ калории и го ТОПЛАТ телото – Еве зошто е добро да ги имате!

Сите се трудиме да имаме што помалку маснотии во телото, но тоа не важи за …