(ВИДЕО) Документарецот за „жолтата минута“ го расплакал Зидан кога слушнал што му порачал татко му

Зинедин Зидан проговорил за големиот скандал во пресрет на завршувањето на неговата кариера како фудбалер, на Светското првенство во Германија во 2006.та година.
Тогаш во големото финале „се судрија“ репрезентациите на Италија и Франција, а по изведувањето на пеналите, пехарот го подигнаа Италијанците. Сепак, тоа што го одбележа финалето во Берлин беше конфликтот помеѓу Зинедин Зидан и Марко Матераци, кој што резултираше со удар со глава на Зидан во телото на стоперот на Италијанците.
Секако, Зинедин Зидан поради таквата неспортска постапка доби црвен картон, а подоцна остана и без шампионскиот трофеј кој што заврши во рацете на Италијанците.
Жолтата минута на големиот Зизу во продолжението на натпреварот меѓу Франција и Италија во Берлин, беше дел од документарец за животот на сегашниот тренер на Реал Мадрид, кој го подготвила француската јавна телевизија ТФ1.
„Не сум горд на тоа. Не сум горд на тој гест поради сите млади луѓе, тренери и волонтери кои фудбалот го прават различен“ порачал Зидан кој емотивно се „скршил“ кога ги видел солзите на својот татко говорејќи колку го сака.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 5. ГОДИНИ БИЛА КАЛУЃЕРКА, А ПОТОА ДОНЕЛА ЖИВОТНА ОДЛУКА: Денес е мажена жена и мајка на шест деца!

Поранешна калуѓерка раскажала дека била калуѓерка во манастир пет години и одлучила да го промени …