(ВИДЕО) Надал го приземјил забревтаниот „среќен губитник“ Маер

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, се пласирал во четвртото коло на УС Опен откако во голема борба го совладал Аргентинецот, Леонард Маер.


Првиот тенисер на светот 59. на АТП листата го совладал со резултатот 6:7 (3-7), 6:3, 6:1, 6:4,после три часа и 20. минути борба на стадионот „Артур Еш“.
Така, Надал во следната рунда на УС Опен ќе игра против Украинецот Александар Долгополов, кој порано во текот на денот го елиминира српскиот тенисер Виктор Троицки.

После првиот сет Надал „уфрлил“ во поголема брзина и рутински добил два сета. Аргентинецот како да се рсзбудил во третиот сет, но при резултат од 5:2 за Надал било невозможно да се направи било што.
Првиот тенисер на светот такс останал на пстот кон финалето на турнирот кој го освојувал во 2010. и 2013. година, кога во проектираниот ждреб во полуфинслето би можел да се сретне со Роџер Федерер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …