УС Опен: Надал и Федерер тешко но се пласираа за третото коло

Првиот светски рекет Рафаел Надал се избори за третата рунда на Грен слемот УС Опен, откако утринава го победи јапонскиот тенисер Таро Данеи со 3:1.
121.от на АТП ранг листата имаше одличен старт и го доби првиот сет со 6:4,
но потоа следуваше доминација на фаворитот и освоени три сета во низа 6:3, 6:2 и 6:2.
Шпанецот во следното коло ќе игра против Леонардо Мајер.
Роџер Федерер и во второто коло играше во пет сета. Иако досега имаше извојувано 16. победи над Јужни, сепак Русинот не се предаде лесно и заигра во вториот сет, но сепак легендарниот Швајцарец беше подобар и во пет сета ја извојува 17. победа од 6:1, 6:7, 4:6, 6:4, 6:2, за пласман во третото коло каде ќе се сретне со Фелисино Лопез од Шпанија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Корисни маснотии – Кафеавите маснотии СОГОРУВААТ калории и го ТОПЛАТ телото – Еве зошто е добро да ги имате!

Сите се трудиме да имаме што помалку маснотии во телото, но тоа не важи за …