Во еден од најдобрите мечеви во сениорска конкуренција Борна Чориќ (20) го победил Александер Зверев со 3:6, 7:5, 7:6, 7:6 и се пласирал во третото коло на УС Опен.
Чориќ конечно одиграл еден вистински меч против многу добар противник кој важел за еден од фаворитите за титулата. За младиот Германец се’ започнало добро и без проблеми го добил првиот сет, а во средината на вториот спасил три брејк топки..и при водството на Чориќ од 6:5 во вториот сет имал 40:0 на свој сервис, но тогаш започнале проблемите кои Чориќ ги искористил и го добил сетот со 7:5.Другите два сета Борна ги добил во тајбек.
Како и Зверев ниту Борна немал позабележителен успех на Грен слемовите. Иако во кариерата ги победувал и Надал и Мареј, Борна никогаш не дошол до третото коло.
Од Зверев во Њујорк оваа година многу се очекувало. Шестиот играч на светот на УС Опен дошол со два освоени Мастерси, по ред,а во финалето на Монтреал „го рстурил“ и Роџер Федерер.
Борна Чориќ во третото коло ќе игра против Кевин Андерсон.