Убавата глумица го прославила 45. роденден, далеку од јавноста

Камерон вчера го прославила 45. роденден, а пред три години одлучила да земе пауза од снимање филмови. Големо влијание на таа одлука имал и фактот што се омажила за Бени Маден.

Камерон Дијаз на 16. години почнала да се бави со манекенство, а првата улога ја добила во филмот „Маска“. Тогаш започнал и нејзиниот успех во Холивуд…
Нејзината актерска кариера започнала во 1994. година во филмот „Маска“ и оттогаш Камерон Дијаз остварила бројни улоги во филмските успешници.
Пред „Маска“ немала актерско искуство и се бавела со манекенство, а поради таа желба родителскиот дом го напуштила со 16. години.
Филмот „Сите се луди по Мери“ во 1998. година ширум и ги отворил вратите на Холивуд, а со плата од 20. милиони за филмот „Ангелите на Чарли“ станала една од најплатените глумици во Холивуд.

#camerondiaz #happybirtday #hotthanhell #needyoungboy

A post shared by Marc Gonzalez (@mottet91) on

Камерон вчера го прославила 45. роденден, а пред три години одлучила да земе пауза од снимање филмови. Големо влијание на таа одлука имал и фактот што се омажила за Бени Маден. Пред да се скраси во бракот со Бени, имала врски со Мет Дилон, Џаред Лето, Џастин Тимберлејк, Алекс Родригез…

Камерон денес живее поповлечено отколку пред десет години кога била на врвот на славата Се посветила на здрав живот, вежбање, издала книга и ужива во тоа што повеќе не мора секој ден да се шминка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „ВРАТИ СЕ ВО АНГЛИЈА!“: Британскиот принц ги разгневил Американците!

ПРИНЦОТ Хари оваа недела започнал уште една контроверзност откако го критикувал уставното право на САД …