УС Опен: Федерер едвај се провлекол, Надал убедлив и го прозвал Мареј:„Чудно ми е неговото откажување!“

Многу потешко од очекуваното Роџер Федерер (36) го победил Френсис Тиафо (19). Растоварен и опуштен младиот Американец под кривот на стадионот Артур Еш го натерал Федерер да игра пет сета, но на крај сепак морал да го признае поразот – 4:6, 6:2, 6:1, 1:6, 6:4.
Рафаел Надал имал полесна задача против Душан Лајовиќ. Иако Србинот сервирал за првиот сет, Рафа во свој стил славел со 7:6, 6:2, 6:2. Така и едниот и другиот се чекор поблиску до меѓусебната пресметка која може да се случи единствено во полуфиналето.
Не би можеле да се состанат пред финалето ако Енди Мареј не се откажал од
турнирот ден после извлекувањето на ждребот. Да се повлекол порано, Федерер и
Надал би биле прв и втор носител и не би можеле да играат пред финалето.
„Јас бев сигурен дека ќе игра бидејќи нормално тренираше. Малку ми е чудно што се повлече ден после ждребот, нели? Мора да признаам дека тоа не ми е јасно, но, најважно е да оздрави и му ја посакувам сета среќа“ рекол Надал.
Шпанецот во второто коло ќе игра со победникот од средбата на Даниел и Пуле, а Федерер го чека победникот од мечот Кавчич – Јужни.
Поради дожд вчера беа прекинати многу мечеви а се играше само на Артур Еш, па поради тоа и денешниот распоред ќе биде малку „хаотичен“ – останаа многу мечеви да се доиграат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

11 знаци дека мажот се откажува од вашата врска

Тажната вистина е дека дури и ако сте подготвени да поминете низ хаос само за …