Стивен Спилберг: „Во школо ме малтретираа и ме исфрлија од Колеџ!“

А, сега е еден од најдобрите режисери но и најбогати луѓе во светот…
„Кога за вас ќе снимат документарен филм кој ќе се прикажува на еден од најпрестижните филмски фестивали знаете дека во животот сте направиле добра работа“ вели Спилберг.
Детали од животот на врвниот режисер и неговиот пат до славата ќе бидат прикажани во документарниот филм „Спилберг“ на 55.Њујорк фестивал.Филмското друштво на Линколн центарот објавило дека на филмскиот фестивал во Њујорк премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Спилберг“, на режисерката Сузан Лејси за импозантната кариера на овој врвен режисер.
Филмот го опфаќа најраното вљубување на режисерот во филмот, пораснувањето во американското предградие, успехот и глобалната слава со филмот „Ајкула“, оснивањето на DreamWorks.
А, каков всушност е Стивен Спилберг во филмот говорат Френсис Копола, Брајан де Палма, Џорџ Лукас, Мартин Скорцесе, Том Хенкс, композиторот Џон Вилијамс и членовите на семејството на Спилберг.
55. Њујорк филм фестивал почнува на 28. септември и ќе трае до 15. октомври.
ТВ премиера на филмот номиниран за 6 награди Оскар на врвниот режисер Стивен Спилберг „Патишта на војната“ можете да гледате во сабота во 20. часот на каналот RTL.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …