Говорот на телото може да го открие неверството на мажот

Ако се сомневате дека сопругот или дечкото ве изневерува веројатно ќе превземете одредени чекори, како на пример да го проверите неговиот телефон.
Сепак, дали партнерот ви е верен можете да заклучите и на основа на говорот на телото.
„Привлечност и сексуални односи можат да создадат зголемување на тестостероните и суптилни промени на телото“ рекла за Индепедент, Пати Вуд, стручњак за говор на телото.
Таа истакнува дека алфа сигналите не мораат неопходно да значат дека партнерот ви е неверен, но ако говорот на неговото тело ненадејно се промени тоа би можело да значи дека има проблем. Тоа би можело да се манифестира во обидот мажот да изгледа повисок така што ќе се испрси и ќе ги исправи рамениците.Тоа е чест обид за испраќање алфа сигнали.
Таа додава дека посебно е интересна и состојбата на раширени нозе бидејќи на тој начин се создава стабилна база и се сугерира дека лицето се чувствува самоуверено.
Ако некој стои со раширени нозе тоа би можело да биде потсвесен обид телото да изгледа поголемо и пошироко, а Вуд вели дека тоа е сигнал на доминација.
Заземајќи таков став го подготвувате своето тело во случај на напад на друго лице, а Вуд тврди дека тоа може да значи дека мажот има ново лице во својот живот кое сака да го скрие.
Друга одлика на широк став е фактот дека машкиот полов орган станува ранлив, што може да биде знак за испраќање порака дека мажот не се плаши, мисли дека е толку јак дека никој нема ниту да се обиде да го повреди.
„Тоа може да биде сексуален приказ на мажот кон жената или покажување моќ на маж кон маж“ наведува Вуд.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Солени галети на баба

Потребно е: 300 г брашно (интегрално) 100 г путер 1 јајце 2 лажици сончоглед 2 …