(ВИДЕО) Ако сакате совршено рамен стомак испробајте ги овие одлични вежби

Станува збор за вежби кои можете да ги правите дома додека гледате телевизија. Многу се едноставни и лесни, а ефектот е фантастичен. Со малку труд ќе имате стомак за каков сте сонувале
Рамен стомак, каков што гордо претствуваат многу познати жени можете да имате и вие ако одвоите 10. минути дневно. Тука има неколку вежби, многу едноставни и лесни за правење а резултатот е фантастичен. Доколку сакате подобар ефект испијте Саси вода чиј рецепт е подолу во текстот.
Легнете на тепихот, пуштете ја омилената музика или нешто на телевизија и започнете.
Погледнете во видеото како треба да ги изведувате:


10 Mins Abs Workout

A whole variety of exercises for your abs.via Bikini Model Fitness,BikiniModelFitness.com.


Posted by You're Gorgeous on Samstag, 19. August 2017

Напиток кој помогнува за топење на маснотиите на стомакот
Нутриционистката Синтија Сас, авторка на диетата за рамен стомак (Flat Belly Diet) тврди дека со пиењето на Саси водата се топат дури 10. сантиметри во струкот и тоа за само четири дена.
За напитокот кој сама го креирала и испробала вели дека освежува, ревитализира, ја намалува надуеноста и го смирува системот за варење, ја поттикнува пробавата, а содржи многу малку калории.
Состојки:
8 чаши вода (вкупно околу два литри)
1 лажичка рендан џумбир
1 свежа краставица со средна големина
1 лимон со средна големина
12 ливчиња свежо нане
Подготовка:краставицата и лимонот исечете ги на тенки кришки и ставете во водата заедно со другите состојки. Измешајте и оставете во фрижидер преку ноќ.Исцедете.
Нутриционистката напоменува дека во текот на четири дена, додека се пие овој напиток, треба да се одбегнуваат слатки и друга нездрава храна како и маснотии и високо калорични оброци. Не е добро да се пие газирана вода. Треба да се јадат здрави продукти во мали оброци и да се движите повеќе од обично.
Скоро сите состојки се природни диуретици што ќе го поттикнат исфрлувањето на одвишната течност од телото така да имајте на ум дека често ќе морате во тоалет.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КАКО МУДРИТЕ ЛУЃЕ СЕ ОДНЕСУВААТ КОН ЛИЦА КОИ НЕ ИМ СЕ ДОПАЃААТ: Што треба да кажете и да направите за да се заштитите?

Ви претставуваме техники – што да кажете ако ве нервираат, како да постапувате на работа? …