Вежби и инструкции
Со редовно вежбање и правилна исхрана човек може да се ослободи од непотребната маснотија. Меѓутоа, има места кои едноставно многу тешко ги акумулираат мастите. Над надлактиците се наоѓа токму една таква област која ја содржи т.н. „тврдоглава маснотија“. Многу жени често се борат со маснотии под рацете, кои посебно се забележуват кога ќе облечете фустан без ракави или прерамки.
Наместо, како што многу луѓе се определуваат за облека која ќе ги скрие нивните недостатоци, подобро е да се прават вежби за бицепс и трицепс за да раката се ослободи од одвишните маснотии. Потребно е трпение и упорност за да раката потполно се ослободи од маснотиите.
Едноставна ротациона вежба
Ова е многу едноставна вежба која ќе ви биде од голема помош во топењето на маснотиите од рацете. Исто така, оваа вежба се користи и како загревање за изведување многу други вежби. Потребно е да се застане исправено со малку одвоени нозе. Потребно е рацете да се испружат и да се држат паралелно, испружени. Рацете е потребно да се движат во правец на стрелките на часовникот, но со забрзани движења. Дваесет пати во еден и дваесет пати во друг правец. После вежбата рацете спуштете ги покрај телото и направете пауза од 15. секунди, а потоа повторете ја вежбата уште 10. до 15. пати.Оваа вежба може да се прави било каде, бидејќи ниту малку не е компликувана или тешка.
Вежба ножици
Вежбата која се нарекува ножици исто така е многу едноставна и исто така се прави рутински. За да се направи потребно е и малку простор и малку време.
Потребно е да застанете исправено со малку раширени и затегнати нозе, додека рацете се ставаат пред себе во облик на буквата „v“, а потоа рацете треба да се движат во облик на буквата „x“, како ножици поради што оваа вежба и го добила називот ножици. После дваесет повторувања, испреплетување на рацете, потребно е да се направи пауза од 15 секунди, со опуштени раце, покрај телото, а потоа да се продолжи со уште 10. до 15. движења. Оваа вежба е најдобро да се повторува најмалку два пати во текот на еден ден. Доколку времето дозолува може да се прави и повеќе пати на било кое место.
Вронета вежба
Таканаречената „вронета вежба“ овозможува интензивно да се развиваат бицепсот и трицепсот, и дека на таков начин ќе се обликуват во правилна форма без маснотии.
Потребно е да ги затегнете листовите и бутините во мал расчекор и раширени раце со дланките свртени нагоре. Вртете ги рацете како да вронувате во вода. Рацете се туркаат а дланките се свртуваат кон небото. Ова треба да се повторува 20. пати, после што следи пауза. Рацете спуштете ги покрај телото и одморете 15.секунди, после што вежбањето треба да продолжи со 8. до 10. повторувања. Најефикасно е оваа вежба да се повторува до два пати во текот на денот, а некогаш и повеќе пати.
Лакт вежба
Уште една лесна и едноставна вежба која помогнува во топењето на маснотиите на рацете. Вежбата се состои од два чекори и ниту малку не е тешка. Таа исто така може да биде загревање за некои посериозни вежби, но во секој случај е потешка од другите. Потребно е да се застане исправено со малку одвоени стопала. Рацете се раширени и стегнати во тупаница и се свиткуваат во лактите. Во исто време поместувајте ги кон телото така што ќе ги свиткувате во лактовите. Движењата повторувајте ги 20. пати до одморот кој трае 10. до 15. секунди кога рацете се спуштени покрај телото. Потоа вежбата повторете ја уште 10. до 15. пати. Доколку времето дозволува лакт вежбата правете ја два пати во текот на денот, најдобро наутро и навечер.
Свртена вежба
Вежба која активно влијае на трицепсите. Оваа вежба се изведува на едноставен начин. Потребно е да се рашират нозете, не многу. Застанете исправено со раширени раце кои треба да бидат свртени кон небото, точно над главата. Спојте ги дланките зад главата и рацете зад главата движете ги горе-долу. Оваа вежба се повторува 20.пати, а потоа следи пауза од 10. до 15. секунди. Кога телото ќе се одмори вежбата повторете ја уште 10. до 15. пати. Вежбата може да се прави било каде и не е потребно многу време и идеално и најефиксно би било да се повторува најмалку два пати во текот на денот.
Туркај и влечи вежба
Уште една лесна и едноставна вежба, но многу ефикасна. Оваа вежба ќе ви помогне неактивната и лабава рака да се затегне и да се ослободи од одвишната маснотија.Потребно е малку да се рашират нозете и бутините да бидат потпирач на вежбата. Малку свиткајте ги колениците така што задникот ќе биде издаден наназад.Положбата треба да биде таква како лицето да тргнало да седнува. Рацете движете ги горе – долу дијагонално пред себе и рацете веднаш ставете ги долу кај струкот, да се судрат лактите. Овој потег треба да се повторува 20. пати во кус период. Вежбата симулира како лицето да турка и влече нешто дијагонално од себе. После 20. повторувања застанете на 10. до 15. секунди и продолжете со вежбањето. Вежбата повторете ја уште 10. до 15. пати. Вежбата повторувајте ја секој ден, најмалку два пати за да биде што поефикасна. Оваа вежба освен што добро влијае на рацете и директно делува и на мускулите на нозете.
Склекови
Склековите се позната вежба коај е одличен начин рацете да се ослободат од маснотии и да се затегнат. Склековите се одлична вежба која може да се комбинира и со многу аеробни вежби како што се трчањето, пливањето и брзото одење.Оваа вежба директно влијае на затегнатоста на кожата и линијата на трицепсите. Седнете на подот со свиткани колена. Потребно е да легнете и да се кревате на раце свиткувајќи ги во лактите. Градите треба да бидат одвоени од подот на некои 2. до 3. сантиметри. Склековите е потребно да се прават 25. пати. Кога склековите ќе се прават секој ден ќе се зголемува и нивниот број кој ќе може да се достигне во еден ден.
Ѕид вежба
Ѕид вежба е едноставна вежба која за своето изведување има потреба само од ѕид. Потребно е да застанете рамно фиксирани со споени нозе кон ѕидот. Дланките ставете ги на ѕидот и лесно оттурнувајте се наназад. Нозете сето време мора да останат прави. Вежбата повторете ја 20. пати до првиот одмор кој треба да трае 10. до 15. секунди. Повторете уште 20. пати и така по можност два пати во текот на денот.
Има уште многу вежби кои можат да се прават дома, а кои ќе влијаат на јачината на мускулите, во овој случај најмногу на мускулите на рацете за да се спречи создавање на мрсни раце кои никој не ги сака. Потребно е да се одвои малку време и уште малку простор а исто така треба да се обезбеди и многу воља и труд.
Како брзо да се истопи салото под рацете?
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
✕