Нејзината исхрана се состои од седум хранливи оброци кои на телото му обезбедуваат доволно витамини и минерали, и напоредно го забрзуваат метаболизмот.
Клои Кардашијан со години водела битка со килограмите, а во моментот кога сакала конечно да направи нешто по тоа прашање ангажирала тим нутриционисти.
Светски диететичари и одредиле конкретен план на исхрана па риалити ѕвездата многу бргу ослабнала и своето тело го довела до совршенство.
Таа повеќе пати истакнала дека никогаш не гладува, туку напротив, секој ден има седум здрави оброци.
Стриктно се придржува до менито, а продуктите како што се соја, џус, сушено овошје, печиво, како и сите видови млечни производи и сокови ги одбегнува.
1. оброк:1 лажица протеин во прав + 1 лажица путер од бадеми + овошје по избор, се’ заедно се блендира со лед и вода.
2. оброк: овошка по избор.
3. оброк: 100 г. пилешки гради со зеленчук и салата богата со железо (цвекло или спанаќ)
4. оброк: шоља целер или домати со 12. бадеми
5. оброк: шоља целер или домати + едно тврдо варено јајце
6. оброк: мрсна риба (лосос, бранцин, црн бакалар) + 200 г. зеленчук + салата
7. оброк: овошка по избор