16. издание на модниот викенд Скопје: Ирина Тошева со мултимедијална презентација


Шеснаесеттиот Моден викенд Скопје под мотото #Stopthetraffik заврши синоќа во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ со мултимедијална презентација на Ирина Тошева поддржана од topsi.mk.
Циклусот песни за Дениција од Петре М. Андреевски се инспирација за новата колекција есен/зима ‘17/’18 на Ирина Тошева. Од љубовта кон жената до родољубието, цел спектар на емоции се преточени во креациите, оставајќи им можност на модните вљубеници самите да ја препознаат својата љубов меѓу нив. Користејќи главно природни материјали како памук и свила низ моделите на Тошева се проткајува естетска приказна што ги премостува модата и поезијата, а излегува надвор од временските рамки.
Модниот настан започна на 22 октомври во „Скопје Мериот Хотел“ каде што за три дена беа прикажани четиринаесет ревии.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Воскресение Христово (втор ден)

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање …