(Рецепт) Спанаќ, морков и киви го чистат организмот од никотин

Брз и здрав начин пушачите да го исчистат своето тело од никотин е да јадат што повеќе здрави намирници.
Доколку редовно се конзумираат морков, зелен чај, спанаќ, киви, лимон, портокал, брокула, карфиол, бриселски зелкички и зелка, можат да помогнат од телото да се исфрли штетниот продукт од цигарите.


Зелен чај
Со пушењето телото ја губи потребната течност и организмот многу побргу доаѓа во состојба на дехидрација. Испивањето големо количество домашна витаминска вода: два литри вода со лажичка рендан ѓумбир, една краставица,лимон и 12. ливчиња нане, и зелен чај преполн со антиоксиданси го измивате никотинот од телото.


Морков
Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од оваа грда нуспојава на пушењето јадете што повеќе моркови. Таа содржи големо количество витамини А, К, Ц и Б кои се главни чистачи на телото. Морковот исцедете го во соковник помешан со јаболка и лимон или ставете во салата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Лажеш Мелита“ – Театарска претстава за деца

Денес, во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе …