Неодамна, корисник на Редит со прекар dusty_ninja ги прашал другите корисници: „Која е најмрачната работа што ја криете од вашиот сопружник?“ Неколку оженети луѓе споделиле тајни што никогаш нема да им ги откријат на своите сопружници – а некои од нив навистина го кршат срцето.
Во продолжение прочитајте десет тајни на сопружниците кои не можат и не сакаат да си ги кажат.
„Се плашам да му кажам на мојот сопруг дека сум имала афера со оженет маж пред да се запознаеме и да се венчаме. Тоа се случи во време кога не размислував премногу и знам дека е лошо што го направив тоа. Дури и ако мојот сопруг тоа воопшто не го осудува и не му е грижа за моето однесување во младоста, се плашам дека би можел да ме гледа поинаку“, напишала една корисничка на споменатата социјална мрежа.
„Го мразев мојот сопруг откако се породив. Тој ги сака своите деца и ги обезбедува финансиски, но јас правам сè друго – и помага само ако го прашам или научам. Тоа е исцрпувачки и никогаш не сум била толку огорчена/лута на некој во целиот мој живот“.