ТВ ЕКРАН

Сеќавање: На денешен ден почина еден од најпознатите пејачи на народна музика Добри Ставревски

Добри Ставревски е роден во струшкото село Јабланица во 1934 година. Тој е еден од најпознатите македонски пејачи на народна музика. Основно и средно образование завршил во Струга. Во 1948/49 г. неговото семејство се преселило во Битола. Уште во педесеттите години ги направил првите снимки во Радио Битола. По желба …

Повеќе »

На денешен ден е роден актерот Јордан Витанов

Јордан Витанов е роден во Велес на 13 јануари 1958 година. Тој е македонски театарски и филмски глумец и режисер. Живее и работи во Велес. Дипломирал на отсекот за глумечка игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1986 година. Од 1987 год. е член на Народниот театар „Јордан …

Повеќе »

Дебитанскиот филм на Гоце Цветановски ја продолжува успешната фестивалска кариера

После дваесетина селекции и 5 награди во 2023, политичкиот трилер кој ја третира темата на трговија со жени годинава својата прва проекција ќе ја има во Венецуела, на 9. издание на FICMARC – Caribbean Sea International Film Festival (https://ficmarc7.wixsite.com/festivalmarcaribe) кој ќе се одржи од 19 до 21 јануари. Ова е …

Повеќе »

Денес роденден слави нашиот актер и режисер Бајруш Мјаку

Бајруш Мјаку е роден во Качаник на 12 јануари 1952 година. Тој е македонски глумец и режисер. Во средината на шеесеттите доаѓа во Скопје и тука завршува Гимназија во „Зеф Љуш Марку“. Уште како средношколец почнува да статира и да игра некои улоги во тогашната Албанска драма, при Малцинскиот театар. …

Повеќе »

После изјавата на Марија Луиса Снеже Велков замоли да се прекине снимањето

Новогодишното издание на Нешто Конкретно ја донесе темата Дали Кафанта е Институција разгледувајќи ги типичните кафански феномени и активности. Гостите-одбрано друштво за муабет секој со своето искуство на темата едни од страна на гости други од страна на изведувачиж Наумче Мојсовски како претставник на “Виновниците”за многу ракии испиени и пива …

Повеќе »

Денес се сеќаваме на маестро Зоран Џорлев кој почина на денешен ден во 2021 година

Зоран Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството, заедно со братот Ристо (Ице) и сестрата Софче. Тој бил дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се …

Повеќе »

На денешен ден беше роден нашиот актер, еден од легендите на македонската драмска сцена Ацо Јовановски

Ацо Јовановски е роден на 31 декември 1930 година во Скопје. Тој беше еден од најголемите македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Ацо Јовановски произлегува од првата генерација на дипломирани актери. Во неговата богата кариера има одиграно 10 до 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави …

Повеќе »

Среќен роденден Емра Куртишова !!!

Емра Куртишова е родена на 30 декември 1985 година во Скопје. Таа е наша актерка, најпозната по улогата на Исаура во хит серијата „Преспав“. Во 2009та година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје, во класата на проф. Владимир Милчин и асс. Сузана Киранџиска. Дипломира со претставата “Вртелешка” од …

Повеќе »

На денешен ден е роден нашиот познат актер Ненад Милосављевиќ

Ненад Милосављевиќ е роден на 29 декември 1941 година во Прилеп. Тој е наш истакнат театарски, филмски и телевизиски глумец. Дипломирал на театарска академија во Белград во 1967 година. Член на Драмски театар – Скопје од 1968 година. Добитник е на наградата за епизодна улога на театарските игри “Војдан Чернодрински” …

Повеќе »