филм

Започна снимањето на долгометражниот игран филм „На сè ќе дојде крај“ на Рајко Грлиќ, ко-продукција на Веда Филм од Северна Македонија

На 19 септември 2023г., во Загреб започна снимањето на долгометражниот игран филм „На сè ќе дојде крај“ на режисерот Рајко Грлиќ, кое ќе трае до крајот на октомври оваа година. Како ко-сценаристи се потпишуваат писателот Антe Томиќ и Рајко Грлиќ, а филмот е во продукција на Интерфилм од Хрватска. Приказната …

Повеќе »

„КАЈМАК” НА МАНЧЕВСКИ ОСВОИ НАГРАДА И ВО ТИРАНА, ДОБИ ЧЕТИРИ НАГРАДИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ 

Уште едно признание за „Кајмак” на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски – ја освои Наградата на публиката на Филмскиот фестивал во Тирана, кој заврши синоќа. Најновиот филм на Манчевски минатата недела го отвори Тиранскиот фестивал, а режисерот беше пречекан со огромни почести од културната и политичка јавност на Албанија. Манчевски …

Повеќе »

Жан-Мари Дружу: Многу од сцените во „Нотр дам гори” се снимени во студио

Кинематограферот од Франција, Жан-Мари Дружу, денеска во киното „Манаки” во Битола одржа работилница, на која зборуваше за снимањето на филмот „Нотр Дам гори”. Дружу, кој тукушто го заврши снимањето на својот 60 филм во неговата кариера, е номининаран и наградуван за најдобра кинематографија и е поранешен претседател на француската Асоцијација …

Повеќе »

Ана Стојаноска член на жирито на театарскиот фестивал МЕС во Сараево

  29 септември: Ни претставува чест да споделиме дека уметничката директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“, Ана Стојаноска, на претстојното 63. издание на МЕСС (Меѓународен фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево), ќе биде член на жирито на официјалната програма. Еден од најпрестижните фестивали во регионот ќе започне утре, на …

Повеќе »

Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни

Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300″ за особен придонес во светската филмска уметност, во рамки на 44. издание ИФФК „Браќа Манаки”, денеска во битолското кино одржа мастерклас. Тој зборуваше за неговите почетоци, почнувајќи од неговото детство, па до соработката со врвни режисерски имиња. -Пораснав во мал град …

Повеќе »

Лука Коасин: Филмот најпрво требаше да се вика Аркан, но дознавме дека така се вика еден воен злосторник и го сменивме во Ајкен

Во официјалната селекција на 44. ИФФК „Браќа Манаки” беше прикажан филмот „Само реката си тече”. Тоа е кинески филм од жанрот драма, од 2023 година во режија на Веи Шуџун, кој заедно со Канг Чунлеи е автор и на сценариото, со Жу Јилонг во главната улога. -Жу во Кина е …

Повеќе »

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски влезе во селекција за Европските филмски награди

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој неодамна ја имаше својата светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, влезе во групата на филмови кои ја комплетираат овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, соопшти денеска Европската филмска академија (ЕФА). Кон крајот …

Повеќе »

Питер Бижу: По снимањето на „Мисисипи гори”, ми беа потребни неколку недели за емотивно да закрепнам

Во мојата кариера работев сè. Бев и асистент на снимателот. Тоа ми помогна да се изградам себеси и да изградам самодоверба. Ова денеска го истакна Питер Бижу, извонредниот кинематографер, оскаровец и добитник на Златна камера 300 за животно дело на годинашното 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки”. Тој денеска одржа …

Повеќе »

СО 4 ПРОЕКЦИИ, ГРОМОГЛАСЕН АПЛАУЗ И СТОЕЧКИ ОВАЦИИ СЕ ОДРЖА ПРЕМИЕРАТА НА TE DUA, ЖИМИ МЕНЕ

На 22 Септември во Синеплекс се одржа премиерата на независниот, домашен филм Te Dua, Жими Мене. Филмот премиерно го погледнаа четири полни кино сали, а публиката ја поздрави екипата со громогласен аплауз и стоечки овации. Станува збор за целовечерна комедија во режија на Марјан Гавриловски, а по сценарио на Никола …

Повеќе »