филм

Филмот на Јани Бојаџи „Кино Љубов“ во Домот на културата во Гевгелија

Во среда на 25 октомври 2023 година, со почеток од 19:30 часот во Домот на културата во Гевгелија ќе биде прикажан филмот на Јани Бојаџи „Кино Љубов“. Коста е актер кој четири години е без ангажман во неговиот театар. Дополнително на се, се случува епидемија на корона. Неиграњето го убива. …

Повеќе »

Премиера на краткиот филм „Трговија“

На 24 октомври 2023 година, од 19:00 часот во Занаетчиски Дом на Општина Куманово, премиерно ќе биде прикажан краткиот филм „Трговија“. „ТРГОВИЈА“ е едукативен и мотивирачки краток филм кој ги истражува темите на издржливоста, семејството и нескротливиот човечки дух. Преку објективот на овој филм, се надеваме дека ќе ја подигнеме …

Повеќе »

Нашиот познат режисер Милчо Манчевски денес слави роденден

Милчо Манчевски е роден во Скопје на 18 октомври 1959 година. Тој е познат режисер, сценарист, писател и фотограф. Студирал историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Како американски стипендист во 1982 година дипломира на факултетот за филм и фотографија во …

Повеќе »

Премиера на филмот „М“ во Битола

Денес во Центар за култура во Битола со почеток од 20:00 часот, премиерно ќе биде прикажан  вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија „М“. М“ е фантастична бајка за осамено, осумгодишно момче Марко, кое е во потрага по љубов низ мрачниот, дистописки свет на нашата блиска иднина. Сценариото е на …

Повеќе »

„Љубовната соба“ на режисерката Сузана Диневски на филмски фестивали во Романија, Грција и Обединетите Арапски Емирати

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, Сузи Кју продукција и Аворд филм и видео е избран во официјалната селекција на 30-то издание на документарниот филмски фестивал АСТРА што се одржува во Сибиу, Романија од 15 до 22 …

Повеќе »

Милена Дравиќ денес ќе го прославеше својот 83-ти роденден

Милена Дравиќ е родена на 5 октомври 1940 година, во Белград, во населбата Дорчол, а нејзиниот роден дом се наоѓал наспроти црквата Свети Александар Невски. Учела во основното училиште „Јанко Веселиновиќ“, а потоа се запишала во Првата белградска гимназија. Таа се занимавала со изведувачки уметности уште од четиригодишна возраст, најпрвин …

Повеќе »

Денес започнува 9-тото издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм ЕТНОФФ

Во организација на Македонско студентско етнолошко друштво, денес и утре, во Кинотеката на Северна Македонија ќе се одржи 9-тото издание на меѓународниот фестивал на етнографски филм ЕТНОФФ. Отварањето на настанот е закажано за 19:00 часот. Програмата за денес е следна: 19:15 ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОВИ ПРАШИНА- Каја Ракушчек (Словенија) AШК(ЉУБОВ)- Владимир …

Повеќе »

„Најсреќниот човек на светот“ – кино проекција во Кочани

Денес и утре во Национална установа- Центар за култура “Бели мугри”во Кочани, можете да ги проследите кино прoекциите на филмот „Најсреќниот човек на светот“ во режија на на Теона Стругар Митевска. Проекциите и двата дена започнуваат во 20:00 часот а цената на билетот изнесува 100 денари. Филмот имаше премиера лани …

Повеќе »

На денешен ден е роден Jason Priestley – Брендон од серијата „Беверли Хилс“

На денешен ден во 1969 година во Ванкувер – Канада, е роден популарниот актер Jason Priestley. Својата кариера ја започнува правејќи реклами за големи компании и се појавува во мали филмски улоги. Во 1990 година тој беше избран да го глуми Брендон Волш во хит серијата Беверли Хилс. Серијата достигна …

Повеќе »