(ФОТО) Три свечени торти со кои ќе се гордеете!

Му му торта
Потребно е:
Кори:
14 белки
14 лажици шеќер
18 лажици крупно мелени, потпечени, лешници
2 лажици брашно
Фил 1:
14 жолчки
200 г шеќер во прав
400 г бело чоколадо
200 г чоколадо со крупни парчиња лешници
50 г црно чоколадо
250 г путер или маргарин
Фил 2:
200 г шлаг
100 г печени мелени лешници
Глазура:
100 г чоколадо
50 мл масло
Подготовка:за една кора изматете 7 белки со 7 лажици шеќер и матете со миксер додека не добиете цврст снег. Потоа додајте 9 лажици лешници и 1 лажица брашно.Смесата истурете ја во правоаголен плех, покриен со хартија за печење и ставете во рерна загреана на 180 степени. Печете околу 20. минути. Испечете две кори.
Фил 1: жолчките изматете ги со 200 г шеќер и ставете на пареа и варете. Додајте 300 г бело чоколадо. Кога филот ќе биде готов оставете да се излади па додајте маргарин или путер и убаво изматете. Филот поделете го на два дела. Во првиот дел додајте сечкано бело чоколадо, а во вториот топено црно чоколадо и она со лешници.
Фил 2: изматете го шлагот да биде цврст и додајте ги лешниците.
Глазура: чоколадото истопете го со маслото,
Филување: кора – црн фил – шлаг, кора – жолт фил – шлаг, глазура. Тортата украсете ја со шлаг.

Мињон торта
Потребно е:
12 јајца
600 г шеќер
150 г мелени ореви
150 г мелени бадеми
150 г мелени лешници
3 лажици брашно
1 филџан млеко
1 кесичка ванилин шеќер
250 г путер
50 г црно чоколадо
Глазура:
100 г црно чоколадо
100 г бело чоколадо
6 лажици масло
Подготовка:за првата кора изматете 4 белки во цврст снег и постепено додавајте 120 г шеќер. Кога смесата ќе биде хомогена додајте 150 г мелени ореви и 1 лажица брашно. Смесата изедначете ја и истурете во плех, покриен со хартија за печење. Тестото печете го околу 20 минути на 180 степени. Втората и третата кора се подготвуваат на ист начин само што наместо ореви се додаваат лешници, најдобро прво малку потпечени и бадеми
Фил: 12 жолчки изматете на пареа со 240 г шеќер, филџан млеко, ванилин шеќер и варете додека не се згусти. Кога малку ќе се излади додајте го путерот и изматете. Филот поделете го на два дела, а во еден додајте 50 г истопено чоколадо.
Корите филувајте ги наизменично со црн и бел фил, па целата торта наизменично полијте ја со црно и бело чоколадо.

 

Орео торта
Потребно е:
400 г шлаг
500 мл кисела вода
200 г бисквити
400 г кисела павлака
350 г орео бисквити (две кутии)
200 г шеќер во прав
Глазура:
100 г чоколадо
3 лажици масло
Плус:
малку прозирна фолија
Подготовка: бисквитите и половина од орео бисквитите крупно искршете ги. Со миксер изматете ги шлагот и киселата вода. Додајте кисела павлака, шеќер во прав и се’ заедно изматете во мазна смеса. Додајте ги изронетите бисквити и се’ соединете.
Длабок овален сад обложете со прозирна фолија. Истурете половина од смесата, а потоа наредете цели парчиња орео бисквити, од друга кутија. Потоа намачкајте со останатата сеса и израмнете. Покријте со прозирна фолија и ставете преку ноќ во фрижидер.
Утредента превртете ја тортата на рамна чинија, отстранете ја фолијата и полијте со глазурата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Ако сакате бебе сега е најдобро време „да се фрлите на работа“

За паровите кои размислуваат за проширување на семејството Божик е посебно предизвикувачки период. „Тоа е …