(ФОТО) Предизвикај го Вања и освој билет за New Balkan Cuisine!

Првите 3 наградени добивааат ваучер за вечерата New Balkan Cuisine на 24. март во Јавна соба.

Што треба да направиш?
Испрати рецепт од традиционална македонска храна и фотографија од истата и предизвикај го познатиот шеф Вања Пушкар да го презентира на најсовремен начин.

Рецептата и фотографијата испрати ги на FB профилот на Public Room или contact@publicroom .org најдоцна до среда, 21. март 2018, заедно со твоето име, презиме и контакт телефон.

Учесниците чиишто рецепти ќе бидат три првоизбрани ќе добијат ваучери за вечерата New Balkan Cuisine на 24. март во Јавна соба и ќе имаат можност на 24. март од 12:00ч да работат заедно со Вања Пушкар на осовременување на своите рецепти.
Процесот ќе биде документиран од страна на професионален фотограф, а резултатите објавени во јавност.

Право на учество имаат сите гурмани, сладокусци, аматери и професионални кувари.
Едно лице може да поднесе повеќе предлог рецепти, не постoи никакво ограничување во поглед на бројката на предлози.

Изборот на номинирани рецепти го врши стручно жири во следниот состав:
Вања Пушкар, професионален шеф специјализиран за Балканска кујна
Наташа Дукоска, директор Навигаторс ПР агенција
Александар Велиновски, директор на Јавна соба

Среќно!!!

Вања, основачот и главен готвач во ресторанот Ирис – нова балканска кујна во Белград, за неговиот премиерен настап во Јавна Соба на 24.март го подготви следното мени:
За почеток
Пралини од мангулица (свинско)

Mangulica #newbalkancuisine #cuisine #belgrade

A post shared by newbalkancuisine (@newbalkancuisine) on

Конфитирано свинско од сортата мангулица која ја има исклучиво во Србија, тостирано дехидрирано овошје и месно желе.

Предјадење
Печено „мирочко“ сирење

Zapeceni sir #newbalkancuisine #cuisine #belgrade

A post shared by newbalkancuisine (@newbalkancuisine) on

Мирочко сирење, салата, резанки од печена крушка со дресинг од мед и глуварче

Главно јадење
Јунешко печење

Odlezala junetina #newbalkancuisine #cuisine #belgrade

A post shared by newbalkancuisine (@newbalkancuisine) on

Одрезок јунечко печење на ниска температура во сос, со додаток карамелизиран кромид и крем од коренести зеленчуци

Десерт
Кнедли од сливи

Kuhinja | Servis #newbalkancuisine #cuisine #belgrade

A post shared by newbalkancuisine (@newbalkancuisine) on

По рецепт на Вања

„ПАКЕТ ВЕЧЕРА“ 1.000 денари по лице.

РЕЗЕРВАЦИИ И ПРОДАЖБА на билети за вечерата е преку email: contact@publicroom.org и на бар во ЈАВНА СОБА.

Доколку сте љубители на иновативно гастрономско доживување побрзајте со резервациите за да подоцна не зажалите што не сте биле дел од ова несекојдневно искуство.

facebook event link

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Избран е најлош филм на сите времиња од 2008 – и веројатно сте го гледале!

“Twilight” е филмска адаптација на книгите на Стефани Мејер. Главните улоги ги толкуваат Роберт Патинсон …