(ФОТО) Најтажна љубовна приказна во бивша Југославија:Заминал пред 31. година а после него не погледнала друг!

Јосипа Лисац е авангардна хрватска пејачка која секогаш се издвојувала по извонредните вокални способности, комбинирањето на повеќе музички жанрови и ексцентрични модни креации.
Родена е на 14. февруари 1950. година во Загреб.
Од мали нозе покажувала талент за музика па со десет години станала член на Детскиот хор на Радио-телевизија Загреб. Пеела класична, модерна и сакрална музика стекнувајќи значајно искуство и музичко образование.
Во 1962. година хорот на Јосипа ја освоил првата награда на натпреварување кое се одржало во Франција каде биле прогласени за најдобар детски хор во светот. Иако растела слушајќи ги Моцарт, Бетовен, Бах и т.н. пет години подоцна станала член на групата „О’Хара“, а потоа и на групата „Златни акорди“.
Со својата појава, гласот и настапот најавила доаѓање на голема рок ѕвезда на тогашната југословенска музичка сцена. Во 1968. година настапила на Опатискиот фестивал каде добила големи признанија.
На фестивалот во Сплит ја извел „Krenule su lađe“,а на Југословенскиот избор за песна на Евровизија“ настапила со „Najljepši dan“.Во 1970. година учествувала на Сплитскиот фестивал со песната „Kapetane moj“, а во Загреб настапила со „Živote moj“,а на изборот за претставник на Евровизија со „Još te čekam“, а на фестивалот на војнички песни „Večernju elegiju“.

На 6. февруари 1971. година го запознала славниот хрватски музичар Карло Метикош кој се прославил во Франција. Ги споила страста кон музиката па во 1973. година го направиле албумот „Дневник на една љубов“ кој во 1998. година се нашол на деветтото место во изборот на 100. поп и рок албуми во книгата „Ју 100: Најдобри албуми на југословенската рок и поп музика“. Важи за еден од најдобрите концептуални остварувања на хрватската дискографија. На него се
нашле песните „O jednoj mladosti“, „Srela sam se s njim“, „Sreća“, „Po prvi put“, „Plačem“, „Jedna kratka vijest“, „Ležaj od suza“, „Ne prepoznajem ga“, „Vjerujem ti sve“, „Kao stranac“. Музиката ја напишал Карло Метикош текстовите Ивица Крајач.

Во 1977. година Јосипа со Карло отишла во Соединетите Американски држави каде
соработувала со Паулинјо да Коста, Ира Њуборн и Џоел Пескин. Во 1979. од претходните искуства настанал албумот „Made in USA“ кој бил објавен на англиски и хрватски јазик, а е снимен во Лос Ангелес во Студиото 55.
Во 1986. година пеела придружни вокали на „Јавачи на магла“, на Бајага, на МЕСАМ ја извела „Добри вибрации“, а во Загреб нумерата „Кралица на дивината“. Во 1987. повторно учествувала на југословенскиот избор за претствник на „Песна на Еворвизија“ со еден од своите најголеми хитови „Каде Дунав го бакнува небото“, во Сплит со „Не сме без цел“…Го објавува и албумот „Богинка“ а се појавил и албум со најубавите балади на пејачката…

#glazba #vizualno #identitet

A post shared by Josipa Lisac (@josipa_lisac) on

На 10. декември 1991 година, Карло Метикош ненадејно починал што влијаело не само на амбициите на пејачката, туку и на нејзиното творештво. Една година подоцна му посветила концерт што ќе стане традиција која ја почитувала во наредните 20. години. Називот на првиот концерт „Ритам на дождот“ според истоимената песна на Карло од 1963. година. Концертот бил одржан во салата „Истра“ а учествувале околу 50. уметници. Некои до нив се Арсен Дедиќ, Нено Белан, Дино Дворник…
Две години подоцна е објавен тонски запис од концертот кој е награден со Порин,најпрестижната награда на хрватската дискографија, за најдобар копилациски албум вон класична музика.
Својата сестраност ја објаснува со реченицата:„Се’ е тоа музика, а музиката, или ја има или ја нема“. Покрај гласот Јосипа водела грижа и за визуелниот аспект по кој станала препознатлива.

Името на пејачката може да се најде во учебниците за музичка култура каде се споменува и музичарот Фреди Меркјури. Со години е синоним за стил, модна освестеност, супериорност и неконвенционалност која застанува со констатацијата дека „Јосипа Лисац не е како другите“. Често соработува со млади музичари бидејќи им е интересна, интригантна и од неа имаат што да научат.

Приватниот живот на Јосипа
И покрај големата љубов која ја чувствувала кон својот партнер и соработник Карло, немале деца. Се откажала од мајчинството бидејќи се плашела дека нема да има доволно време за дете и дека поради кариерата ќе го запостави. Сепак, окружена е со љубов и спомени на човекот кој и бил се. Добро и е кога е сама со себе и никогаш не се чувствува осамено.
Во почетокот се трудела да не размислува дека го нема Карло па не паѓала во депресии. Му напишала писмо кое го прочитала во Хрватско народно позориште. Бидејќи во сон, на 51. година доживеал инфаркт, за неговата смрт вели:

„Ја запознав неа, таа е млада и убава. Ние две сме во добри односи бидејќи таа има клучеви од мојот стан“. Смета дека е среќна личност бидејќи има талент со помош на кој може да се изрази и себе и да си создаде пат по кој ќе се движи низ животот. Отсекогаш се чувствувал несфатена, но тоа не ја поколебало да ги следи своите соништа. Знаела и да се сомнева во својот успех, но Карло и пружил поддршка и охрабрување со помош на кое, сеуште храбро чекори напред.

Жал и е што младите уметници немаат доволно храброст да направат нешто што не е видено, туку сите копираат и личат едни на други. Инаку, сака да се дружи со дваесетгодишници бидејќи немаат фрустрации како нејзините врсници. Ужива во голфот и смета дека во него се гледа односот кој луѓето го имаат кон себе и другите.Тврди дека после смртта на сопругот никогаш не посакала да биде со друг маж бидејќи нејзиното срце одамна било исполнето. Да имала такви намери поинаку би се однесувала и облекувала.
На секој концерт на Јосипа во првиот ред седел Карло, и тогаш сета публика би сведочела на нивните вљубени погледи и неверојатната енергија кој постоела помеѓу нив. Секоја песна би му ја пеела како да се сами во просторијата…Две така јаки личности се стопувале во едно.

Најпопуларна песна
Најпопуларната песна на Јосипа, судејќи според преслушавањата на порталот YouTube е „Gdje Dunav ljubi nebo.”

Јосипа Лисац на 20. април ќе настапи во новата сала на Македонската Филхармонија, а концертот ќе биде дел од нејзината регионална турнеја „50 години Јосипа“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Нова верзија на хитот: Контрабас, тамбура и Џибони се добитна комбинација!

Златан Стипишиќ Џибони е идол на многу млади музичари во Хрватска но и во поширокиот …