(ФОТО)  Најпознатиот научник на денешницата ,Стивен Хокинг, умре во 76. година – „За светот беше генијалец а за семејството тиранин!“

За време на својот живот бил инспирација за многумина…
Стивен Хокинг, физичар и еден од најголемите научници на денешницата, умрел, рано утрово, во 76. година, во својот дом во близина на Кембриџ, соопштило семејството.
Познатиот британски физичар, покрај со својата работа, ги инспирирал луѓето и со своето одбивање да се предаде на тешката болест. Нему, на 22. години му е дијагностицирана ретката неуромоторна болест – АЛС или Лу Геригов болест, а лекарите му прогнозирале дека ќе живее само неколку години.
Професорот ги демантирал и поживеал повеќе од 50. години.
За неговиот живот е снимен и филмот „Теорија на се“ според книгата „Патување кон бесконечноста: Мојот живот со Стивен“ во која неговата сопруга Џејн ја опишала својата возбудлива, но и трауматична врска со оваа научна икона. Сепак, сценариото малку се разликувал од книгата што го потврдила и Џејн.
„Некои делови од филмот се поклопуваат со нашиот живот, но некои сцени се доста претерани“ рекла Џејн.
Како млади станале нераздвојни, се свршиле, Стивен веќе бил доктор и можел да оди без помош, а Џејн ги продолжила студиите во Лондон.
Младиот пар се венчал во 1965. година во Кембриџ. Наскоро нивното семејство се зголемило – во 1967. година го добиле синот Роберт, а во 1970. и’ ќерката Луси.
Здравјето на Стивен се влошувало и станал прикован за инвалидска количка, па во 1979. година на Кембриџ ја презел Луксијанската катедра која некогаш ја држел Исак Њутн. Таа година Хокинови го добие и синот Тим.
„Постоеа двајца Стивени: еден беше чудо од дете познат во јавноста кој го совлада АЛС-от и патуваше по светот. Другиот беше Стивен во домашна атмосфера каде неговата болест не туркаше во нашата сопствена црна дупка“ запишала Џејн.
Таткото и ќерката во 2007. година објавиле, заеднички, научно-фантастичен роман за деца, „Таен клуч на вселената“.Излегувањето на таа книга значело и помирување на семејството, односно на славниот физичар со Џејн.
Иако мажена за друг, Џејн последните години повторно се зближила со Стивен па така и на премиерата на филмот дошле заедно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) 5. светски градови кои би можеле да потонат

Секоја година главниот град на Тајланд потонува за 2,5 сантиметри, па поради тоа се наоѓа …