(ФОТО) Ева Лонгорија:„Среќна сум што ќе родам син, на светот му требаат добри мажи!“

„Се чувствувам зајакнато. Животот кој го делам со синот е одличен“ рекла глумицата која се вљубила во мажот, медискиот могул, Жозе Бастон, бидејќи не се плаши од нејзината моќ и возењето со автомобил…
„Мојот син ќе биде окружен со многу јаки, образовани, моќни жени и мислам дека е важно да види такви примери во својот живот за да знае да ги поддржи и да им одаде почест“ напишала Ева Лонгорија (42) во објава на социјалните мрежи.
Глумицата кој е најпозната по улогата во серијата „Очајни домаќинки“ истакнала дека многу се радува што ќе добие син.
„Многу сум возбудена што ќе родам син бидејќи мислам дека на светот му требаат добри мажи“, објаснила Лонгорија која од 2016. е во брак со Жозе Бастон (50), сопственик на „Телевиса“, најголемата медиска компанија во Латинска Америка.
Глумицата е во седмиот месец на бременост и рекла дека има намера да работи се’ до породувањето.
„Се чувствувам зајакнато.Животот кој го делам со синот е одличен. Кога режирам тој е со мене. Ме прави многу среќна и мојот маж ми се восхитува што ќе работам до последните денови на бременост“, раскажала Лонгорија која досега ја снимала ромнтичната комедија „Overboard“. Филмот во кината ќе биде наредниот месец, а таа толкува една од главните улоги.
Глумицата тврди дека сеуште не одлучила какво име ќе му даде на синот, но објаснила дека таа и сопругот ќе изберат традиционално име поврзано со нивното мексиканско наследство. Додала и дека ќе биде долго.
На Лонгорија тоа ќе и биде прво дете, а вели дека ќерката од сопругот, Наталија (21), и близнаците Мариана и Хозе (13) ги доживува како сопствени деца.
„Маќеа сум на три прекрасни деца. Многу ни е забавно заедно“, рекла глумицата која се вљубила во Бастон бидејќи не се плаши од нејзината моќ, убавина, пријателство и возење во автомобил. Напоменала и дека ја поддржув во се што работи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Дневен хороскоп за петок, 21.09.2018:Новата енергија донесува шанси за промени на работата, ненадејни нови понуди на кои ќе се израдувате…

Пред нас е интересен ден, Сонцето и Меркур прават егзактна коњукција, а псоле тоа и …