Филмот   „Западен ветар“ вечерва во Кинотека на Македонија

Гете-институт Скопје со задоволство Ве поканува да го погледнете германскиот филм „Западен ветер“.

Игран филм од 2011 година, 90 мин.
Земја: Германија, Унгарија
Продуценти: credo:film, Laokoonfilm
Режија: Роберт Талхајм
Улоги: Фридерике Бехт, Луизе Хејер, Франц Динда, Фолкер Брух

Дорен и Иза се 17.годишни близначки од Саксонија. Летото 1988, како идни клубски веслачки, смеат да отпатуваат во некоја социјалистичка земја. Уживаат во одморот на Балатон и веднаш на почетокот запознаваат момчиња од Хамбург. Дорен се заљубува во Арне. Девојките за прв пат не си делат сè и мораат да ја донесат најзначајната одлука во својот живот.
Проекцијата ќе се одржи во Кинотека на Македонија на 14 март со почеток во 20. часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Прва премиера на МНТ во новата сезона ќе биде „Еден месец на село” во режија на Паоло Маџели

„Еден месец на село“ е едно од најдобрите дела во литературниот опус на Тургењев. Таа …