(ВИДЕО) Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија или Хрватска? Кој има најдобра песна за Евросонг?

Македонија на Евросонг ќе ја претставува „Eye Cue“ со темата „Lost And Found“, а освен нас свои, од регионот, претставници во Португалија испраќаат и Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора. БИХ ниту оваа година не се натпреварува поради недостаток на финансиски средства.
Србите на Евросонг ја испраќаат песната „Нова деца“ во изведба на Сања Илиќ и „Балканика“. Песната е избрана на „Беовизија“ која оваа година е одржана првпат после девет години.
Словенија ќе ја претставува Леа Сирк со песната „Хвала, не“ која е избрана на словенечкиот избор „Ема“. Леа добила максимален број бодови од жирито, додека фаворит на публиката сепак бил дуото „БОЛ“.
Црна Гора на Евровизија ја испраќа Вања Радовановиќ со песната „Иње“ која освоил најмногу гласови на црногорското натпреварување „Монтевизија“.
Македонија во Лисабон ќе ја претставува составот „Eye Cue“ со песната „Lost and found“. И ние, како и Хрватска ќе се претстави со песна на англиски јазик, а ниту кај нас немаше избор за песна туку само конкурс на кој МРТ со жири направи избор.
Преслушајте ги сите песни и одлучете која песна има најмногу шанси за победа или барем добар пласман.

1. Франка Балетиќ – „Crazy“ (Хрватска)

2. Eye Cue – „Lost And Found“ (Македонија)

3.Сања Илиќ и „Балканика“ – Нова деца (Србија)

4. Вања Радовановиќ – „Иње“ (Црна Гора)

5. Леа Сирк – „Хвала, не“ (Словенија)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Пеп Гвардиола има колекција часовници вредни повеќе од 1.000.000 фунти!

Пеп е голем љубител на часовници, и тоа од оние најпознатите, па меѓу нив се …