(ФОТО) Слични се по карактер: Доктор Хаус ќе го глуми принцот Филип, сопругот на кралицата

Откако две сезони го играл принцот Филип, мажот на британската кралица Елизабета II во драмата „Круна“, Мет Смит си заминува од серијата. Во третата сезона, која го покрива периодот од 1960. до 1980. година во животот на кралицата принцот Филип би можел да го игра Хју Лери (58).

Ако прифати, ѕвездата на „Доктор Хаус“ ќе глуми покрај Оливија Колман (44), која ќе ја замени Клер Фој како Елизабета II. Веќе е потврдено дека Хелена Бонам Картер ќе ја глуми сестрата на кралицата, принцеза Маргарет, која досега ја играла Ванеса Кирби.
Лери и Филип се познати по својата смисла за хумор и неприлагоденост па авторите на серијата веруваат дека ова ќе биде вистински погодок, а со Оливија Колман веќе глумел во мини серијата „Night Manager”на BBC.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Porsche Design и Huawei го претставија новиот PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate 20 RS:Крајна форма на вештачка интелигенција

Porsche Design и Huawei Consumer Business Group (BG) го претставија новиот PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate …