(ФОТО) Нова Балканска кујна-Вања Пушкар: Ново доживување за непца со истенчен вкус!

Новата балканска кујна е филозофија која е претставена преку неговото атеље – ресторанот „Ирис“ а се стреми кон демонстрација на сите богатства од Балканскиот регион, како продукти, традиција и карактеристики. И’, сето тоа преку неговата ревизија на локалните продукти и храна.
Вања Пушкар својата нова балканска кујна ја процесуира со помош на научните достигнувања со цел да постигне повисоки критериуми и очекувања.
Вања Пушкар е роден 1986 година во Приједор, Босна и Херцеговина. После завршувањето на школувањето својата кариера ја почнува во Беград, Србија.Неговата филозофија за храната се базира на локалните состојки и модерните кулинарски техники.
„Кога ги знаете произведувачите на вашите состојки вие сте во позиција да ја пренесете енергијата и љубовта на чинијата до конечниот консумент“, вели познатиот шеф.

Проектот „Нова балканска кујна“ го започнува во 2016. година, после бројните искуства во разни ресторани, пекари во регионот, каде бил и’ шеф на кујна но и ученик а се’ со цел да се запознае со средината и да „научи“ нови техники и начини на подготовка…
Дел од „уметноста“ на овој познат шеф сите љубители на убавата и вкусна храна ќе можат да видат на 24. март во „Јавна соба“.
„Бидејќи подолго време се прашувавме како изгледа современа балканска кујна, повикавме еден од врвните мајстори во професионална кујна, Вања Пушкар од Белград, да ни даде негов одговор на ова прашање!“, велат од „Јавна соба“.
Вања, основачот и главен готвач во ресторанот Ирис – нова балканска кујна во Белград, за неговиот премиерен настап во Јавна Соба на 24.март го подготви следното мени:
За почеток
Пралини од мангулица (свинско)

Mangulica #newbalkancuisine #cuisine #belgrade

A post shared by newbalkancuisine (@newbalkancuisine) on

Конфитирано свинско од сортата мангулица која ја има исклучиво во Србија, тостирано дехидрирано овошје и месно желе.

Предјадење
Печено „мирочко“ сирење

Zapeceni sir #newbalkancuisine #cuisine #belgrade

A post shared by newbalkancuisine (@newbalkancuisine) on

Мирочко сирење, салата, резанки од печена крушка со дресинг од мед и глуварче

Главно јадење
Јунешко печење

Odlezala junetina #newbalkancuisine #cuisine #belgrade

A post shared by newbalkancuisine (@newbalkancuisine) on

Одрезок јунечко печење на ниска температура во сос, со додаток карамелизиран кромид и крем од коренести зеленчуци

Десерт
Кнедли од сливи

Kuhinja | Servis #newbalkancuisine #cuisine #belgrade

A post shared by newbalkancuisine (@newbalkancuisine) on

По рецепт на Вања

„ПАКЕТ ВЕЧЕРА“ 1.000 денари по лице.

РЕЗЕРВАЦИИ И ПРОДАЖБА на билети за вечерата е преку email: contact@publicroom.org и на бар во ЈАВНА СОБА.

Доколку сте љубители на иновативно гастрономско доживување побрзајте со резервациите за да подоцна не зажалите што не сте биле дел од ова несекојденвно искуство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Дневен хороскоп за петок, 21.09.2018:Новата енергија донесува шанси за промени на работата, ненадејни нови понуди на кои ќе се израдувате…

Пред нас е интересен ден, Сонцето и Меркур прават егзактна коњукција, а псоле тоа и …