(ФОТО) Наскоро Гаража „Гоблин“:Нова серија за сите љубители на автомобили на каналот „Дискавери“

Од сабота, 07. април, во 20.00 часот на каналот „Дискавери“ стартува серија за вистинските вљубеници во автомобилите…

Тројцата ексцентрични механичари, Џими Девил, Ант Партриџ и Хелен Стејси одлучуваат да ја вратат во живот големата британска инжењерска компанија „Гоблин“. Заедно реставрираат некои од најпознатите автомобили и мотори на светот, служејќи се со вештините стекнати од својот занает, со чија помош создаваат откачени и прекрасни дизајни.
За време на траењето на серијата ќе ги следиме додека се соочуваат со мошне сложени работи, каде воедно ќе бидат и во постојан притисок за ширење на бизнисот и создавање на свој сопствен бренд.
Гаражата „Гоблин“ ги претвора класичните возила во потполно изменети варијанти со неверојатни перформанси.
Џими Девил одлучува да конструира рели автомобил за улица, но судирот на тест возењето во потполност го менува планот за реставрација. Со „откачени“ бои за каросеријата, надградбата на моторот и врвните дизајни, ова е супер модерна емисија каква што досега не сте гледале.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Нетфликс снима филм за Евровизија

Компанијата Нетфликс снима филм, комедија, под наслов „Евровизија“. Медиумите во САД наведуваат дека Нетфликс сака …