(ВИДЕО+ФОТО) Асовите бираат асови 2018:Специјална плакета за 25. години работа за Ѓоко Ѓорчев

Синоќа беше одржана традиционалната манифестација „Асовите бираат асови“ под покровителство на МОК и АМС.И’ оваа година беа доделени признанија на истакнати македонски спортисти и спортски работници.
Но, од страна на Асоцијацијата на новинарите и спортот во Македонија беше доделена и специјална плакета за Ѓоко Ѓорчев за 25. години придонес во промовирањето на македонската музика и спорт.
„Големо задоволство е да се прими една ваква награда, особено кога зад неа стојат легендите на македонскиот спорт и новинарство“, ни рече Ѓоко Ѓорчев.
Покрај спортистите, секако имаше и многу музичари кои придонесоа за оваа свеченост.
Присутните ги проследија настапите на Ѓоко Ѓорчев, Кристина Палија, Кате Танева Георгиев, Малинкова, Заран Џорлев…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Нова верзија на хитот: Контрабас, тамбура и Џибони се добитна комбинација!

Златан Стипишиќ Џибони е идол на многу млади музичари во Хрватска но и во поширокиот …