„Made in Macedonia“ – Здравко Ангелов солист со Македонската филхармонија

„Made in Macedonia“ е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток (15 март) во 20. часот. Како солист ќе се претстави еден од најдобрите македонски кларинетисти, Здравко Ангелов, прв кларинетист во Македонската филхармонија, кој ќе го изведе Концертот за кларинет и оркестар бр. 1 од Лудвиг Шпор.
Диригент на концертот е нашиот маестро Борјан Цанев, а на програмата оваа вечер се и делото „Лет“ од австралискиот композитор со македонско потекло, Мајкл Бакрнчев, како и познатата Симфонија бр. 41 „Јупитер“ од музичкиот гениј Моцарт.

Здравко Ангелов (1978, Струмица) е еден од најистакнатите македонски кларинетисти.Своето музичко образование го започнал на седумгодишна возраст, а средното образование го завршил во ДМБУЦ „Илија Николовски–Луј“во Скопје,во класата на проф. Стојан Димов.Дипломирал во 2000. година во класата на проф.Иван Кочаров и магистрирал во 2012 година во класата на проф.Стојан Димов на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Повеќе од 11 години е вработен како прв кларинетист во оркестарот на Македонската филхармонија.

Во неговото работно искуство се вбројува и педагошката работаво ДМБУЦ во Скопје, како и две годишното искуство како надворешен соработник во Македонската опера и балет. Во текот на својата досегашн амузичка кариера, Здравко Ангелов се стекнал со бројни признанија и награди, меѓу кои:прва награда во Скопје(1989) и истата година трета награда во Хeрцег Нови, прва награда со камерен состав–трио во 1992 година, а во 2000 година ја освоил специјалната награда „Јамаха“. Настапува како солист со симфониски оркестри во нашата држава и надвор од неа,но и како камерен музичар, а воедно е постојан член на Камерниот ансамбл „Консонанс“.Учесник е на значајни фестивали,како што се „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Интерфест“ – Битола“, „Штипско лето“, „Денови на македонска музика“, „Номус“, „Бемус“, а концертно настапувал и во Црна Гора, Словенија, Србија, Бугарија, Хрватска, Оман, Америка… Исклучителната музикалност и посветеност на Ангелов е препознаена од многу светски имиња кои сведочат за прекрасната атмосфера која тој ја создава со своето музицирање.Настапувал под палката на исклучителни диригенти како што се Даниел Рајскин, Урош Лајовиц, Јерухам Шаровски, Владимир Ашкенази, Јануш Пшибилски, Антон Нанут, Пол Меер, Емил Табаков, Борјан Цанев, Саша Николовски–Ѓумар…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Во МНТ: Премиера на претставата „Галеб“ од А.П. Чехов во режија на Нина Николиќ

Непосредно пред премиерата на „Галеб“ на 18 декември во фоајето на Македонски народен театар ќе …