(ФОТО) Нејмар го одиграл последниот натпревар за ПСЖ? Се подготвува нов рекорден трансфер!

Нејмар до крајот на годината повеќе нема да се враќа на теренот во дресот на ПСЖ, а дискутабилно е и’ дали воопшто ќе заигра за парискиот клуб.
Најскапиот фудбалер во историјата наводно е несреќен во Париз. Очекувал многу повеќе кога во рекорден рок Барселона ја заменил во ПСЖ. Се надевал дека ќе биде миленик на навивачите, дека лигата ќе биде интересна, а дека ПСЖ ќе биде во игра за насловот на европски првак.
Наместо тоа, навивачите неколку пати му свиреле поради судирот со нивниот идол Единсон Кавани, ПСЖ уште еднаш само се прошетал по лигата, а во Лига на прваците испаднал на стартот на нокаут фазата.
Шпанскиот ACB тврди дека Бразилецот бргу се разочарал со новата средина и на својот татко му порачал да ја започне операцијата на заминување од Париз и тоа по секоја цена.
„Нема да се враќам во Париз“ наводно Нејмар им рекол на пријателите.

Францускиот Le Parisien дознава дека дошло до состанок помеѓу спортскиот директор на ПСЖ, Антер Хенрик со самиот играч и неговите претставници после што Хенрик признал дека не може да гарантира дека 26. годишната ѕвезда ќе остане во Париз.
Во Париз започнала паника, на разни начини се обидуваат да го наговорат Нејмар да остане, а дури и претставниците на клубот отпатувале во Бразил на разговори со него.
ПСЖ минатото лето го платил 222. милиони евра и му дал плата од 30. милиони евра годишно. Се верува дека Нејмар кариерата ќе ја продолжи во Шпанија, а таму сакаат во своите редови да го видат Барселона и Реал Мадрид.
„Да се прашувам јас, веднаш би го вратил. Не само поради односите кои ги имам со него и поради тоа каков играч беше. Во својата екипа секогаш би го ставил Нејмар“, порачал Иван Ракитиќ, а слично размислуваат и другите играчи на Барселона.
И’ во Реал го чекаат со раширени раце, дури и капитенот Серхио Рамос јавно порачал дека Нејмар е вистински играч за мадридскиот клуб.
Кој ќе сака да го донесе ќе мора на ПСЖ да му плати повеќе од 300. милиони евра, а наводно Бразилецот е подготвен да се согласи и на помала плата само да си замине од Париз.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Дневен хороскоп за петок, 21.09.2018:Новата енергија донесува шанси за промени на работата, ненадејни нови понуди на кои ќе се израдувате…

Пред нас е интересен ден, Сонцето и Меркур прават егзактна коњукција, а псоле тоа и …