(ВИДЕО+ФОТО) Крем колач со бисквити: Неодолива посластица!

Ова е оној вид колачи кој едноставно воодушевува и сите секогаш бараат парче повеќе.
Овој брз крем колач со мелени бисквити и павлака е супер вкусна посластица во чиј вкус ќе уживате. Не е многу тежок за подготовка.Ова е оној вид колачи кој едноставно воодушевува и сите секогаш бараат парче повеќе.
Состојки:
Бисквит: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 50 мл. масло, 2 лажици какао.
Крем:300 мл слатка павлака, 200 мл кисела павлака, 150 – 200 г шеќер во прав, 200 г мелени бисквити, 1 кесичка ванилин шеќер, 50 г суво грозје (може и повеќе по желба, како и ореви, лешници…)
За украсување: 200 мл шлаг.
Подготовка:бисквит: изматете ги пенесто јајцата со шеќерот, додајте, масло, на крај и брашното измешано со какаото. Смесата истурете ја во плех (43х33 см) покриен со хартија за печење. Печете во рерна загреана на 200 степени, околу 10 – 15 минути.Изладениот бисквит исечете го на половина да добиете две кори.Можете да испечете и во округол калап па потоа по средина да исечете на
половина, исто така да добиете две кори, секако доколку сакате облик на торта.
Крем: во изматената слатка павлака додајте ја киселата во која сме вмешале шеќер во прав и ванила. Потоа вмешајте мелени бисквити, суво грозје, ореви…Измешајте да добиете хомогена смеса.
На соодветна чинија ставете една кора,накапете со млеко во кое сте додале ванила, нанесете го кремот и покријте со втората кора која исто така ќе ја накапете со млеко со ванила.
Изматете го шлагот и намачкајте го целиот колач. Оставете во фрижидер да се стегне а потоа уживајте.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Има 26. години и само 17. килограми: Наместо да ја лекува нејзиниот доктор и вели да глуми во хорор филмови!

Болна е од тешка болест, а кадрите кои ќе ги видите се доста вознемирувачки… Кристина …