(ФОТО) Хали Бери дава инструкции по јога:„Истегнувањето е многу важно!“

„Се плашев од распаѓањето на бракот, но повеќе сакав да се соочам со тоа отколку да бидам несреќна“,рекла неодамна глумицата која минала низ три разводи и има ќерка и син…
„Ова е една од моите омилени пози во јога. Се чувствувам пет сантиметри подолга, после ова истегнување“, истакнала глумицата Хали Бери (51) покрај фотографијата која ја објавила на социјална мрежа. Оскаровката одлучила со обожавателите да ја сподели тајната на својот изглед и објаснила какви вежби прави и што и е најважно.
„Фитнесот не е само трчање, подигнување и удирање. За мене, да се биде атлетски градена и во супер форма е исто така и истегнувањето, дишењето, постигнувањето мир“, напишала Хали Бери. Додала и дека истегнувањето и дава долготрајни мускули, пофлексибилна е и и’ помогнува да одбегнува повреди.
Глумицата покрај тоа „ги предизвикала“ своите обожаватели да ја поделат својата омилена поза на јога, а и ги охрабрила дека ако је немаат да ја побарат и да и јават како се чувствуваат откако ќе ја направат. Фановите биле воодушевени од објавата и ги пофалиле нејзиниот изглед и флексибилност.
„Ти си безвремена убавица. Ова е извонредна вежба. Јас сум напол помлада од тебе и не можам една а камоли и двете нозе да ги подигнам“ коментирале фановите.
И заблагодриле на Бери што ги потсетила на важноста на истегнувањето на така убав начин и додале дека ги инспирира и дека што побргу ќе ја испробаат нејзината омилена поза.
„Морам, таа вежба, да ја одработам уште денес. Ти се восхитувам Хали“ истакнала една обожавателка.
Бери која последните неколку недели, преку социјлните мрежи, дели совети за вежбањето, моментално е слободна откако, неколку месеци, била во врска со британскиот музички продуцент Алекс да Кид (35).После прекинувањето објавила дека „завршила со љубовта“ и дека ужива во слободата и времето само за себе.

My…..balance…

A post shared by CEO OF KIDinaKORNER (@alexdakid) on

„Многу време минувам со децата и си земам време за размислување за да направам поинакви избори кога станува збор за мажите“, објаснила Бери. Додала и дека самотијата е драгоцена за неа бидејќи сфатила дека е неустрашива бидејќи минала низ три разводи.

Yesterday my heart broke as we had to put our beloved Playdough to rest due to brain cancer. This little guy lit up our lives and brought us joy every day for 16 years! While his loss is tough for all of us, especially my children, it's an inevitable part of life. Playdough and Maceo were pals. Every morning they had b’fast together. Playdough his kibble and Maceo his Cheerios… Side by side… On the floor together. The bond my kids shared with Playdough was unique and special and through it, they learned compassion and kindness and the importance of loving and caring for life's sweetest creatures. Yesterday Playdough reminded us all that it's better to have loved and lost than to never have loved at all! We will miss him! ❤️❤️❤️

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

„Се плашев од распаѓањето на бракот, но повеќе сакав да се соочам со тоа отколку да бидам несреќна“ истакнала Американката.
Глумицата од врската со канадскиот модел Габриел Оубри (41) ја има ќерката Нахла Ариел (9), а од бракот со колегата Оливер Мартинез (52) го добила синот Мејси Роберт (4).
Била три години мажена и за безбол играчот Дејвид Џастис (51) а од 2001. до 2005. за пејачот и текстописец Ерик Бенет (51).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Дневен хороскоп за петок, 21.09.2018:Новата енергија донесува шанси за промени на работата, ненадејни нови понуди на кои ќе се израдувате…

Пред нас е интересен ден, Сонцето и Меркур прават егзактна коњукција, а псоле тоа и …