Интимна исповед која ќе ви измами солзи:„Осумте лаги на мајка ми!“

„Мојата мајка не ја зборуваше секогаш вистината. Ме излажа осум пати и тоа во важни животни моменти!“ вели еден син кој сакал да ги сподели искуствата околу „лагите“ на својата мајка…

Приказната почнува со моето раѓање. Роден сум како син единец во многу сиромашно семејство. Сиромашно до таа мерка што немавме доволно храна, а камоли нешто повеќе. Во ретки прилики се случуваше да имаме малку компири дома. Мајка ми ќе подготвеше скромен оброк и секогаш ќе го истуреше својот дел во мојата чинија говорејќи: „Јади сине, јас не сум гладна“.
Тоа беше нејзината прва лага.

Кога малку потпораснав, мојата мајка по завршувањето на домашните работи, ќе отидеше до реката која се наоѓање под нашата куќа, со надеж дека ќе улови некоја риба за јас да се хранам здраво и да се развивам како другите деца. Во една прилика, успеа да улови дури две риби. Побрза дома и ги зготви двете риби и ги стави во мојата чинија. Јас малку по малку ја јадев рибата, а мојата мајка го јадеше она што ќе остане на коските. Гледајќи го тоа, моето срце затрепери и онаа, другата риба и ја ставив во нејзината чинија, а таа ми ја врати велејќи?
„Сине, изеди ја и другата, ти знаеш дека јас не сакам риба“.
Ова беше нејзината втора лага.

Времето поминуваше и дојде ден јас да појдам на училиште. Бидејќи немавме доволно пари за школување, мајка ми отиде во една продавница за алишта и се договори со сопственикот да продава алишта по куќите на богатите луѓе. Еден студен и дождлив ден, мајка ми се задржа подолго на работа. Чекајќи ја дома, се загрижив и излегов да ја побарам. Ја видов како ја носи торбата со алишта и чука на вратите од туѓите куќи. Ја повикав: „Мамоооо, ајде дојди. Си одиме дома, доцна е и студи. Можеш да продолжиш изутрина!“
Таа се насмеа и ми рече: „Сине, јас не сум уморна.“
Ова беше нејзината трета лага.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Свештеник удира шлаканица на дете за време на крштевка!?

Снимката од една црква го шокирала светот.На неа е забележана крштевка на едно момче кое …