(ВИДЕО) ЗОИ: Швајцарец извел глупост која запрепастила многумина во Пјонгчанг!

Скијашот во слободен стил, Фабијан Бош, се потрудил за најлуд потег на денот во Пјонгчанг, покажувајќи дека може да се движи по подвижни скали – од надворешната страна…
Кога станува збор за зимски спортови Швајцарија е светска велесила, но засега во Пјонгчанг освоиле само еден медал, сребро во карлинг во конкуренција на мешовити парови.
Но, нејзините спортисти вниманието на себе го свртуваат на други начини. Имено, скијашот во слободен стил, Фабијан Бош, излетот во Пјонгчанг го искроистил за изведување лудории по градот па така на сите им покажал дека може да се вози по подвижни скалила и тоа од надворешнта страна, држејќи се само со една рак.
Овој потег предизвикал различни реакции: од смеење и пофалби до критики за лошото влијание на младите кои би можеле да се обидат да го повторат ова и сериозно да се повредат.

Швајцарската скијашка репрезентација импровизирала и боб, во трговски центар, што исто така можело лошо да заврши.
Инаку, Бош е двоен светски првак во дисциплината slopestyle, а приликата за освојување на својот прв олимписки медал ќе ја има во недела кога на распоредот е финалето…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Пеп Гвардиола има колекција часовници вредни повеќе од 1.000.000 фунти!

Пеп е голем љубител на часовници, и тоа од оние најпознатите, па меѓу нив се …