(ВИДЕО+ФОТО) Направи кариера и сега може да се ожени: Идрис Елба во потрага по трета среќа!

Со оглед на тоа дека Идрис сега е на врвот на својата популарност, и’ како актер и како диџеј, се поставува прашањето колку „ќе издржи“ овојпат и дали навистина своите претходни бракови „ги растурил“ поради кариера.

Еден од најголемите холивудски фраери и заводници на сцената на Холивуд е британецот Идрис Елба. 45 годишниот Елба неодамна ја запроси својата 16. години помладата девојка Сабрина Доур. Поранешната Мис на Ванкувер успеала да го освои срцето на глумецот во март 2017 година, а Идрис својата атрактивна девојка ја запросил два дена пред да се случи промоцијата на неговиот нов филм “Yardie”.

Глумецот е познат како голем заводник, а зад себе има два неуспешни бракови, ќерката Исан и синот Винстон. Во 1999. година се оженил со Хана Ким Норгард, но се разделиле во 2001. година додека била бремена со нивната ќерка. Разводот беше финализиран во 2003. година.

Со втората сопруга, агентката за недвижности, Соња Никол Хамлин, направиле тајна венчавка во 2006. година, а бракот им издржал само шест седмици. Тие се разделиле по иницијатива на Идрис, бидејќи сакал да и се посвети на својата кариера.
“Ми го скрши срцето, ме остави бидејќи така го советуваа во Холивуд. Сметаа дека бракот ќе му ја уништи кариерата”, открила Соња во едно интервју.
Во 2014. година со девојката Најин Гарт, Елба добил син, но во 2016. се разделиле.
Со оглед на тоа дека Идрис сега е на врвот на својата популарност, и’ како актер и како диџеј, се поставува прашањето колку „ќе издржи“ овојпат и дали навистина своите претходни бракови „ги растурил“ поради кариера.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Погледнете ги победниците на четвртиот детски ликовен конкурс на Ладна

Заврши омилениот детски ликовен конкурс на Ладна, кој оваа година беше на тема  „Крај вода …