(ВИДЕО+ ФОТО ГАЛЕРИЈА) Прв ред до поларната светлина: Село на „иглоа“ како од бајките во самото срце на прекрсната природа

Набљудување на поларната светлина од кревет е призор за памтење, но сопствениците на хотелот ги предупредуваат гостите да не се разочараат…
Ако сте се запрашале од која локација е најдобро да се набљудув поларната светлина, дефинитивно една од најдобрите е – од кревет. Стуткани во снег и лед, иглоата во финскиот ресорт Какслаитанен нудат токму такво искуство.
Нешто полуксузно од минималистичките, ексимски, направени се од посебно стакло кое добро ја држи топлината па нема страв дека ќе ви биде ладно. Вајфај е достапен само на рецепцијата па иглоата се создадени и за дигитален детокс, што може да им претставува голем проблем на оние кои навикнале на срфање или достапност на социјалните мрежи во секој момент.

Хотелот има 53. иглоа и најпосетени се во време кога може да се види aurora borealis, односно од август до април. Иако Какслаитанен е на идеална локација за набљудување на играта на светлината на небото бидејќи нема загадување, во хотелот не гарантираат дека и’ ќе ја здогледате, што и го нагласуваат на својата веб странца.
Претставата на небото може да трае пет минути или цела ноќ, што зависи од бројни фактори како магнетните активности, положбата на сонцето и количеството облаци.
Слободното време гостите можат да го минат во сауна, возење со санка,рибарење во лед, како и собирање бројни бобици и печурки. На прашањето за тоа дали тоа што сте го набрале се јаде вработените во хотелот ќе ви дадат соодветни совети.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Роналдињо повторно прави „скандали“: Се жени – но со две девојки!

Бигамијата е илегална во Бразил, а поради непочитување на законот може да добие 6 години …