Македонска филхармонија со „приговор“ за одобрување средства за непостоечки проекти!

Заради констатираните разлики меѓу усвоената годишна програма на Македонската филхармонија од страна на Управниот одбор на установата, и објавените резултати од Конкурсот на Министерството за култура за проекти од национален интерес во културата во 2018 година (официјално соопштена од ресорното министерство во саботата на 10.02.2018), Управниот одбор на НУ Македонска филхармонија, во присуство на в.д. директорот, Виктор Илиески, денес (14.02.2018) одржа вонредна седница на која беше одлучено да биде испратен приговор до Комисијата за музичко-сценска дејност при Министерството за култура на Република Македонија за направените пропусти во одобрувањето средства за непостоечки проекти во програмата на институцијата.
Управен одбор на НУ Македонска филхармонија
Бранка Костиќ-Марковиќ – претседател
Фросина Балова – член
Лада Шоптрајанова-Петровска – член
Александар Стојчески – член

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Прва награда за женскиот младински хор при МКЦ на силниот меѓународен акапела натпревар во Варшава

Оваа награда е последна во низата од 6. први награди, 6. специјални награди и „Grand …