(ФОТО) Тениската шампионка изненадила со разголените фотографии:„Горда сум!“

Освојувачката на УС Опен, Слоун Стивенс, ги изненадила своите обожаватели со разголени фотографии за Sport Illustrated и признала дека е горда што се нашла во изданието за костуми за капење, а се чини и’ дека не е многу загрижена што половина година никого не победила.
Од младата 24. годишна Американка со години очекувале голем тениски успех, а тој конечно се случил на УС Опен минатата година, кога во голем тениски стил се прошетала по турнирот и ја освоила првата Грен слем титула во кариерата.
Потоа следувало непријатно изненадување од Слоун Стивенс бидејќи до септември до денес не победила во ниту еден меч на ниво на ВТА, со што покажува дека сепак не е следната Серена Вилијамс како што ја нарекувале во тинејџерските денови.
Сепак, Стивенс веќе сега може да каже дека направила голема тениска кариера и има право на малку опуштање, а овие денови остварила уште еден свој сон, со појавувањето во издание на Sport Illustrated, посветено на костуми за капење.

На својот Твитер канал фановите „ги почестила“ со фотографии кои малку кријат и порачала:
„Горда сум што сум дел од ова издание. Им Благодарам на SI Swimsuit што се така фантастична платформа за жените од сите различни типови на тело. Ова беше за вас, дами“.
Сега, кога и тоа го објавила, веројтно ќе се врати на тенисот и повторно ќе почне да победува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Светот зборува за нив: Ваква љубов ретко се гледа – но ја има во Македонија!

Секогаш радува кога за нас, нашата земја – Македонија, ќе се говори во позитивен контекст…И, …