(ФОТО) Миленикот на жените проговорил за секси сцените во „Чиста љубов“

Ѕвездата на хрватската тв серија „Чиста љубов“, црногорскиот глумец, проговорил за соработката со Нивес Целзиус и открил дали неговата партнерка, глумицата Јелена Перчин, е љубоморна на жешките сцени со занесната колешка.
Последните месеци црногорскиот глумец, Момчило Оташевиќ, деновите ги минува со атрактивната Нивес Целзиус. Ги споила соработката на серијата „Чиста љубов“ во која Момчило го игра ликот на Ранко Новак, додека Нивес ја гледаме во улогата на фаталната Снежана. Нивниот однос е доста бурен, но и страствен, па така гледачите во неколку наврати можеле да уживаат во жешките сцени на Ранко и Снежана.
Згодната Нивес е сон на многу мажи (пред многу години беше во врска со Драган, братот на Здравко Чолиќ), а Момчило од „прва рака“ открил како пејачката, а од неодамна и глумица, се бакнува…
„Нивес се бакнува како и повеќето други партнерки со кои сум работел. Се бакнуваме на местото на кое пишува ’бакнеж’ и’ тоа е тоа“ вели Оташевиќ кој е пред се’ голем професионлец.
„Колената не ми се тресат во близина на Нивес“ открил Момчило па неговата партнерка Јелена Перчин нема никакви причини за грижа. Но, сепак, неминовно е прашањето дали има љубомора од страна на девојката.
„Со оваа работа се бавам осум години. Мислам дека не е нормално да се биде љубоморен на сцена, филм или серија“ одговорил Момчило кој веќе две години е во љубов со девет години постарата глумица, Јелена Перчин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Роналдињо повторно прави „скандали“: Се жени – но со две девојки!

Бигамијата е илегална во Бразил, а поради непочитување на законот може да добие 6 години …