(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Како изгледа животот во најладното населено место во светот?

Во текот на зимата во Ојмјакон денот трае три часа а темпертурите се спуштаат и на -50 степени.
Многумина тврдат дека Ојмјакон е најладното населено место на Земјата. Станува збор за село кое се сместило во Јакутска, источен дел на Сибир.
Најниската темпертура е измерена во февруари 1993. година, а изнесувала -71,2 степени. Тоа е бројот кој ќе го видите напишан на бројни сувенири во Ојмјакон. Иако таа никогаш не била измерена, зимите тука се доста остри. На
пример, во јануари било сосема нормално термометарот да покаже -50 степени.
Ојмјакон некогаш било место каде сточарите за да ја напојат стоката, собовите, во блискиот термален извор кој никогаш не се заледувал, но денес тоа е дом за петстотина жители. Животот во зимските месеци не е лесен, но населението се прилагодило на екстрените услови.

Ојмјакон е најладното населено место на светот

Земјата е трајно заледена во текот на целата година и скоро ништо не успева па населението главно се храни со риба, собови и коњско месо како и млечни производи. Исто така во шумите собираат диви бобици кои ги мешаат со замрзнато млеко за да добијат специјалитет налик на сладоледот kyorchekh.
Тука не ви е доволен само еден пар нараквици или едно палто. Населението се облекува во многубројни слоеви, а од дома излегуваат само кога се мора.
Не чуди што многумина не можат да ги запалат моторите на своите втомобили, во вакви услови, ниту што авиони не можат да слетуваат.
Чистиот воздух и домашната храна без индустриско процесуирање придонесува за здравјето на Ојмјаконците, кои во просек живеат долго. На ладното се навикнале дури и кучињата, а сибирските хаскии наводно можат да спијат на отворено на теператури и’ до – 50 степени.
Како изгледа животот во Ојмјакон погледнете во нашата фотогалерија.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Ева Лонгорија и’ во висока бременост ги засенила званиците на гала евент

На 43. годишната глумица Ева Лонгорија пред неколку месеци и се остварила големата животна желба …