(ФОТО) Доказ дека бајките навистина постојат: Приказна за продавачката на цигари која станала кралица!

На изненадување на јавноста Шпанскиот кралски дом на 1. ноември 2003. година ја објавил свршувачката на Летиција Ортис со престолонаследникот…
Кралицата на Шпанија,Летиција, не е родена со сребрена лажичка во раката. Таа, токму како и сите обични луѓе, како млада носела фрмерки и морала да работи работи од кои сега по малку и’ се срами.
Во јавноста се појавила фотографија од убавата кралица како, како млада, продава цигари. На фотографијата е младата Летиција облечена во фармерки со висок струк, бела кошула со назив на произведувачот на цигарите и доста неугледни чевли.

Летиција Ортиз Роксолано е „сосема обична девојка“ која со мажењето станала кралица на Шпанија. Оваа фотографија е направена додека студирала во Мексико.За време на студиите Летиција работела како дописник на дневен весник од родниот град, а подоцна и за списанието „АБЦ“ и новинската агенција EFE. По завршувањето на студиите едно време како новинар работела во мексиканскиот град Гвадалахара.
По враќањето во Шпанија работи како новинар за шпанската верзија на деловниот телевизиски канал „Bloomberg”, а потоа преминува на информативниот телевизиски канал „CNN+”.
Летиција првпат се омажила за писател и професор по книжевност, во 1998. година, но бракот не потрајал.
На изненадување на јавноста Шпанскиот кралски дом на 1. ноември 2003. година ја објавил свршувачката на Летиција Ортис со престолонаследникот, принцот Фелипе. Се венчале на 22. мај 2004. година.
Кралицата Летиција денес важи за икона на стил и народот ја сака затоа што ја повратила вербата во династијата и кралството. Родила две ќерки, а таа и кралот Фелипе важат за еден од најскладните кралски парови во Европа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Роналдињо повторно прави „скандали“: Се жени – но со две девојки!

Бигамијата е илегална во Бразил, а поради непочитување на законот може да добие 6 години …