(ВИДЕО+ФОТО) Дејвид Шимер  од “Пријатели” споделил совет како татковците треба да ги воспитуват ќерките

“На мојата ќерка и кажувам дека мора да биде свесна дека се работи за нејзиното тело и дека тоа е нејзин простор”

Познатиот глумец Дејвид Шимер одлучил со светот да сподели неколку совети за тоа како ја воспитува својата ќерка. Причината за тоа е актуелната тема во Холивуд, сексуалното насилство. Оваа постапка била поздравена од славните личности.
Сето тоа го споделил во емисијата на Меган Кели, “Америка денес“.
Имено, Дејвид снимил видео во кое главна тема на разговор е сексуалното насилство, а во емисијата открил интересни детали за животот и воспитувањето на своето дете, пренесува порталот Поп Шугар.

Тој истакнал дека е многу загрижен поради сексуалното насилство врз жените и напоменува дека на оваа тема треба повеќе да се дискутира. Токму поради тоа, Шимер споделил неколку корисни совети кои и’ ги кажал на неговата ќерка.
“На мојата ќерка и кажувам дека мора да биде свесна дека се работи за нејзиното тело и дека тоа е нејзин простор. Сакам да знае дека секогаш мора да зборува и да се избори за себе кога нешто и пречи и кога се чувствува непријатно. Нејзината коса, нејзиното тело е само нејзино и таа одлучува за него”, вели славниот глумец.

Watching rehearsal for BEYOND CARING @lookingglasstheatre in Chicago!

A post shared by David Schwimmer (@_schwim_) on

Дејвид сосема отворено и искрено ја раскажал случката на Клои во школо.
“Синоќа ми кажа дека во училиште некои поголеми момчиња ја допирале и по малку ја удирале по грбот. Се сврти и ми упати еден опасен поглед. Секако дека морав да реагирам. И реков дека следниот пат треба пристојно да им каже на момчињата дека тоа и пречи и да ги замоли да престанат да го прават тоа или едноставно да побара повозрасна личност која ќе и помогне”, изјавил
Дејвид.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Роналдињо повторно прави „скандали“: Се жени – но со две девојки!

Бигамијата е илегална во Бразил, а поради непочитување на законот може да добие 6 години …