Валентин или Свети Трифун – Еве зошто се слави Денот на вљубените!

Иако Денот на вљубените се слави ширум светот, малку луѓе размислуваат како за верски празник. 14. февруари римокатоличката црква го прославува споменот на дури двајца светители со исто име – Валентин, кои според преданието се заедно и погубени.
Еден бил Валентин, епископ тернијски, кому главата му е отсечена во 269. година, за време на царот Клаудие II. Над неговиот гроб во 4. век е подигната базилика. Другиот е Валентин римски и не се смета за историска личност.
Култот на св. Валентин Тернијски, епископ и маченик, бргу се проширил, прво по Рим а потоа и низ светот. Пренесен е во својот град, Терни, во 1605. година. Се покажува како свештеник или епископ, некаде и како исцелува епилептичари, бидејќи е заштитник од таа болест, како и од колера. Почнувајќи од 14. век, на Запад го сметаат и’ за покровител на вљубените.
Меѓутоа Валентиново во поновата историја е избришано од календарот на римокатоличката црква поради, како што се наведува, „желбата за намалување на бројот на свети денови кај оние светци за кои немало јасни историски факти“.
Според се’ судејќи, празнувањето на св. Валентин го заменило римскиот култ на богинката Јунона која е славена истиот ден. Таа била заштитничка на семејството и бракот и на нејзиниот ден на жените им се подарувало цвеќе.
Денес на Денот на вљубените се практикуваат различни обичаи и се’ повеќе се врзува за потрошувачкото општество.
Православната црква Св. Валентин го слави на 13. август, а на 14. февруари Св. Трифун.

loading...

Видете следно

Град Скопје: Дрвото Гинко кај Судска палата се очекува да чини околу 5.000 денари

Град Скопје ги демантира неточни наслови и информации пренесени од некои медиуми во врска со …