ХБО ќе ја снима серијата „Успех“ по сценарио на Марјан Алчевски

Оригиналната серија ќе има шест епизоди, македонскиот автор ќе биде сценарист, а режисер на серијата е Данис Тановиќ.

Загрепскиот сценарист од Скопје, Марјач Алчевски, е автор на нова серија на ХБО со наслов „Успех“ и победник на натпреварот „ХБО фирст драфт“.
Оригиналната серија ќе има шест епизоди, македонскиот автор Марјан Алчевски ќе биде сценарист, а режисер на серијата е Данис Тановиќ.
„Успех“ се опишува како мрачна дисекција на денешното општество, повеќеслојна драма фокусирана на ликовите.
Серијата „Успех“, прва ХБО серија од Адриа регијата, е најавена како „горка ода на градот Загреб која донесува мрачен увид во различни структури на денешното општество преку животните приказни на обични луѓе кои тоа исто општество ги турнало преку работ“.
Шестделното сценарио го потпишува авторот Марјан Алчевски, од помладата генерација, еден од победниците на „Фирст драфт’ натпреварот, а серијата ќе ја режира оскаровецот Денис Тановиќ.
„Сценариото на Марјан Алчевски е неверојатно и навистина сум среќен што ХБО го препозна неговиот квалитет и ми даде шанса да соработувам со него“, изјави оскаровецот Данис Тановиќ.

loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Јунаците од тв серијата „Наше маало“ и Викторија Лоба во „Еден на Еден“

Осумнаесет години од почетокот на снимањето на култната детска серија, Жаре во новата Еден на …