(ФОТО) Ѕвездите на „Сексот и градот“ не се поднесуваат од првата епизода: Како Ким Катрал ја замолчила Џесика Паркер?

Кој е виновен за холивудската кавга која овие денови ја забавува јавноста?
Глумиците не се поднесуваат од самиот почеток на снимањето на серијата…

Последните неколку денови Ким Катрал преживува тешки моменти поради семејна трагедија, односно смртта на нејзиниот брат Крис. Покрај оваа трагедија, таа последните неколку седмици беше во центарот на вниманието поради скандалите со нејзината колешка Сара Џесика Паркер, а уште повеќе откако Сара се сочувствувала со нејзината загуба. Странските медиуми постојано пишуваат за нивното ривалство.
За нив познато е дека не се во добри односи и дека токму поради нив нема да има трето продолжение на филмот “Сексот и Градот”. Но, нивното несогласување особено дошло на виделина оваа година, кога Сара Џесика Паркер сакала четирите пријателки повторно да се обединат.

На Инстаграм, Ким јавно и се спротивставила на Сара Џесика Паркер, која претходните денови и пружила поддршка поради тешките моменти низ кои минува.
Иако Ким не реагирала на ниту една објава, сепак Сара добила неочекувана реакција. “Не ми е потребна твојата љубов и поддршка за овој трагичен настан”, напишала Ким.

Ким исто така образложила зошто реагирала така:
“Мајка ми ме запраша: ’Кога Сара Џесика Паркер, тој лицемер, ќе не остави на мира’? Твоето континуирано пишување, за нас е болен потсетник за тоа колку си била злобна, тогаш и сега. Да ти ги објаснам работите: Ти не си мое семејство, ниту си ми пријател. Поради тоа ти пишувам за последен пат да престанеш да ја експлоатираш нашата трагедија за да покажеш колку ’добра личност си ти’“, напишала Ким.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

(ФОТО) Пеп Гвардиола има колекција часовници вредни повеќе од 1.000.000 фунти!

Пеп е голем љубител на часовници, и тоа од оние најпознатите, па меѓу нив се …