(ФОТО) Ексклузивно: Претседателот на ИОК,Томас Бах, открива како спортистите од Јужна и Северна Кореја излегле под едно знаме…

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет ( ИОК ), Томас Бах, го посетил студиото на Дискавери и Еуроспорт во Пјонгчанг и притоа ексклузивно открил детали дека договорот со претставниците на Северна и Јужна Кореја со заедничко излегување на спортистите под исто знаме е постигнат само 4. часа пред почетокот на самата свечена церемонија на отворањето на Зимските олимписки игри.
Претседателот Бах изјавил:
„Тоа беше огромен момент и сега кога повторно го гледам ме преплавуваат емоции и се ежам. Ова е пример за Олимписка порака на место. Гледајќи ги спортистите од редот на Кореја, како се држат за раце и уживаат во моментите кои ја испишуваат историјата – тоа е непроценливо. Истите ни праќаат силна порака за пријателството и мирот од корејскиот полуостров кој е веќе постоечко место каде владее политичка нетрпеливост“.

„Ова е нашата мисија. Работевме на учеството на спортистите од Северна Кореја уште од 2014. година, па се’ до последниот момент. Ќе Ви откријам уште една тајна, финалната одлука за заедничкиот настап на свечениот марш е донесена само 4. часа пред почетокот на церемонијата за големото отворање. Ова го правам само за да можам да Ви го доловам моментот за се што се одвиваше позади будниот поглед на јавноста“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Апел за помош на Горазд Исаковиќ: Да му помогнеме  да зачекори храбро по патеката на својот живот!

Горазд Исаковиќ е детенце со посебни потреби. Поради проблеми со колената и колковите, Горазд не …