(ФОТО) 10. предности за организмот ако го исфрлите шеќерот од исхраната

Исфрлањето на шеќерот од исхраната има бројни здравствени предности, а слабеењето, односно намалувањето на ризикот од нездрава дебелина, е само една од нив.

1. Губење на сало од стомакот
Пресметката е едноставна: доколку сакате да се решите од салото на стомакот, храната богата со шеќери треба да ја замените со храна богата со влакна.

2. Зголемена енергија
Кога јадете нешто благо или пиете кафе, чувствувате налет на енергија, по што следува остар пад. Доколку наместо тоа јадете храна богата со здрави масти и протеини кои бавно согоруваат, би имале енергија цел ден.

3. Намалување на желбата за благо
Колку повеќе јадете благо, толку повеќе ќе сакате тоа да го правите и обратно.

4. Подобра работа на срцето
Конзумирањето на големи количества шеќер предизвикува собирање на лош холестерол, што може да доведе до разни срцеви заболувања.

5. Намален ризик од дијабетес
Колку помалку шеќер во организмот, толку се помали шансите за заболување од дијабетес

6. Подобар фокус
Исхраната богата со шеќер може негативно да влијае на концентрацијата, да ги наруши функциите на мозокот и да ги зајакне симптомите на депресија.

7. Намалување на надуеноста
Иако надуеноста обично се поврзува со солената храна, поради натриумот кој влијае на задржувањето на вода во телото, надуеност може да се појави и поради претерана конзумација на шеќер.

8. Подобар сон
Американската Национална агенција за сон објави дека постои врска помеѓу лошиот сон и прекумерната конзумација на шеќер во текот на денот. Може да спиете доволно, но сепак да се чувствувате исцрпено.

9. Подобар изглед на кожата
Шеќерот лошо влијае на колагенот, што е важен за младолик изглед.

10. Раст на мускулите
Неколку научни истражувања ги поврзуваат губењето на мускулната маса кај постарите лица со рафинираниот шеќер, кој спречува синтетизирање на белковините во мускулите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...

Видете следно

Вакцинацијата против грип е најефективниот начин за спречување на болеста

Вакцинацијата против грип е најефективниот начин за спречување на болеста и нејзините тешки форми кои …